Недостигот на сон е проблем на повеќето родители бидејќи поради многубројните обврски околу децата, куќата и работата, немаат доволно време да се одморат. Со овој проблем се соочил и познатиот актер Двејн Џонсон, кој има три ќерки.
– Работев до доцна и спиев само три часа кога ова „торнадо“ влезе во нашата спална соба, ми скокна и ме наговори да станам и да го однесам до плакарот каде што ги чува своите играчки за да си играме – напишал познатиот татко покрај фотографијата на која ја држи в раце својата 2-годишна ќерка Џасмин.
– Премногу сум уморен, но ќе дојде време за неколку години кога скокањето во моите раце ќе ѝ биде последната работа што ќе сака да ја прави зашто тоа повеќе нема да биде кул. Затоа, ќе уживам во ваквите моменти додека можам.
46-годишниот актер има 6-месечна ќерка со својата девојка Тијана Џиу, додека од бракот со бодибилдерката Џени Гарсија има 16-годишно девојче.