Воспитување

Двегодишно дете брои на 5 јазици, а знае и да чита и да пишува

Исаја Гиамфи знае да чита, пишува и да брои – и тоа на повеќе од еден јазик. Досега знае да брои на англиски, шпански, француски, јазикот тви и на јапонски. Ова е неверојатно со оглед на тоа дека има само 2 години и 8 месеци.

Неговите способности за учење не завршуваат тука бидејќи овој малечок гениј може да решава и математички проблеми. Неговите родители отвориле профил на „Инстаграм“ каде што ги споделуваат неговите способности. Во едно од видеата родителите споделиле дека малечкиот гениј покажува љубов кон бројките уште од 8-месечна возраст.

– Исаја поминуваше цели денови покажувајќи ги бројките и додека наполни 10 месеци, веќе ги препознаваше броевите до 50. Кога имаше само 2 години и 4 месеци, броеше над 100 – пишува во описот на видеото.

Неодамна импресионирал многу луѓе кога научил да брои на јапонски за само 24 часа. Исаја не е фиксиран само на бројки, туку има способност и за учење јазици. Кога неговите родители му пуштиле видео на шпански јазик, тој го научил видеото за еден ден.

Има и други видеа од неговото броење, решавање математички проблеми и забава со неговото семејство објавени на „Инстаграм“.

Неговото семејство го опишува како многу смешен двегодишник кој сака да учи. Исаја, исто така, може да брои на јазикот тви, јазик кој се зборува од страна на милиони луѓе во Јужна и во Централна Гана. Она што е неверојатно е што почнал да брои на овој јазик откако гледал само еден час видео со насоки. Нема сомнеж дека овој двегодишник има светла иднина пред себе.

Автор: Атенкоси Мденде

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top