Луѓето градат самодоверба кај нивните деца за погрешни работи. Најголемата причина поради која децата се борат и не успеваат, се две работи.
Првата, ги демонизиравме стравот и губењето толку многу, што децата се преплашени од губењето. А родителите покажуваат преку нивните дела дека не веруваат во нивните деца, бидејќи премногу ги заштитуваат, терајќи ги да веруваат дека им се потребни нивните родители или дека губењето е нешто лошо.
Треба да ги ставите вашите деца во позиција во која ќе губат што е можно почесто. Од нула до 18 години, оставете ги да губат.
Трофеите за осмо место им го уништија животот на многумина. Многу луѓе се плашат да се на најдат на 4. место бидејќи се будалести. Мислат дека децата се глупави. Не, децата се паметни. На децата не им е грижа што го добиле трофејот за седмо место, туку мислат дека губењето е толку лошо штом мама и тато се обидуваат да нѐ заштитат. Затоа и се плашат од сѐ.
Број два, што и да поттикнуваш позитивно, тоа е 100 отсто рамката во која ќе се наоѓа нивната самодоверба. Кога родителите имаат убави деца, човек едноставно не може да си помогне. Многу слатко момче/девојче го слуша тоа 18 години, така што нормално е да се грижи исклучиво за изгледот.
Причината зошто многу луѓе работат во компании и потребни им се директори и шефови е бидејќи нивните родители од мали, на секои 90 дена, им велеле да добиваат петки на училиште. Ако позитивно поттикнуваш детето да припаѓа во систем и секои 90 дена да добива петки кои субјективно, но некогаш и не баш субјективно одлучуваат дали децата се добри, ова ќе им биде потребно во текот на целиот живот како возрасни.
Ако му кажете на вашето дете дека е најдобро во спорт, и го поттикнувате тоа позитивно размислување секој ден, постојано, таму ќе биде неговата самодоверба.