Две третини од родителите во САД велат дека имаат пречки во препознавањето симптоми на депресија кај нивните деца, покажуваат резултатите од спроведената анкета.

Од репрезентативни 819 родители што живеат со дете на возраст од 0 до 18 години, 40 отсто рекле дека имаат тешкотии да кажат дали промените во расположението кај нивните деца се нормални или се симптоми на ментална болест. 20 отсто рекле дека децата се добри во прикривањето на нивните чувства. Дури 14 отсто од родителите што учествувале во анкетата, која ја реализирале експерти од Универзитетот во Мичиген, рекле дека младите луѓе не зборуваат многу за своите чувства, 7 отсто рекле дека не поминуваат доволно време со своите деца, а на 4 отсто им биле нејасно кои се знаците за депресија.

Некои родители, сепак, биле повеќе сигурни дека можат да идентификуваат депресија кај нивното дете. Една третина рекле дека ништо не би им претставувало тешкотија во препознавањето на депресијата кај нивното дете. Околу 42 отсто рекле дека биле многу уверени, а 48 отсто малку уверени, дека можат да ги препознаат знаците и симптомите на депресија кај децата. Кога биле прашани во врска со тоа дали нивното дете ја сфаќа депресијата, 22 отсто од нив рекле дека се многу уверени во тоа, а половина од нив биле помалку уверени, дека децата ќе ги препознаат симптомите на депресија кај самите себе. Но, 28 проценти рекле дека не се уверени, а 12 отсто од нив рекле дека нивното дете најверојатно не би им се обратило ним ако се чувствува депримирано.

Истражувачите, исто така, обрнале внимание на училиштата во заштитата на менталното здравје на децата. Вкупно, 7 од 10 рекле дека училиштата треба да ги прегледуваат учениците во врска со депресијата. 29 отсто рекле дека институциите дефинитивно треба да ги тестираат сите ученици за депресија, 42 отсто рекле „најверојатно да“, 22 проценти рекле „најверојатно не“, додека 7 проценти рекле „не“. Помалку од четвртина рекле дека тестирањето треба да започне во седмо или осмо одделение, додека 47 отсто рекле дека тоа треба да се случува од шесто одделение.

Студијата исто така открила – еден од 10 родители дека вели дека неговото дете познава свој врсник кој си го одзел животот, а четвртина од нив рекле дека нивното дете познава некој што има депресија. Истражувањето произлегува по информациите за зголемена стапка на самоубиства во САД помеѓу младите луѓе, во изминатата деценија, па авторите на студијата обрнале внимание на забележувањето на самите симптоми.

Автор: Кашмира Гандер



912

X