Воспитување

Две работи што децата никогаш не им ги простуваат на родителите

Децата може да им се налутат на родителите. Понекогаш дури и ветуваат дека никогаш нема да им простат и да заборават. Често овие „слатки“ закани не значат ништо. Но, постојат и други случаи, постапки на возрасните, кои навистина им нанесуваат длабоки емоционални рани на децата. Кога тие деца ќе пораснат, можеби ќе ги разберат причините, но не и да простат. Овие две работи најчесто никогаш не ги простуваат на родителите:

Прекршени ветувања

Ако не постои начин да се исполни ветувањето, тогаш е подобро и да не го давате. Ова е вистина која возрасните ни ја всадуваат од детството, зарем не? И тоа му го повторуваат на детето повторно и повторно, барајќи тоа да биде од збор и да ги исполнува своите ветувања. Меѓутоа, возрасните често ги кршат своите ветувања, истовремено секогаш пронаоѓаат изговори – не можеле, некои трети причини ги спречиле, имаат толку многу проблеми што едноставно не можат да стигнат на сите страни… Децата веруваат во ветувањето и молчаливо трпат разочарување кога тоа не е исполнето. Дури и никогаш не ги забораваат.

Непочитување

Многу родители сметаат дека децата се мали и дека ќе заборават сè. Но, тие забораваат дека децата не се еднакви со возрасните, па ги омаловажуваат нивните достигнувања и успеси. Кревката, нежна и весела детска душа сака да биде пофалена за нешто малечко, а вие мислите дека тоа не е ништо посебно и тоа и го кажувате, не знаејќи дека така го повредувате детето. На пример, девојчето сака само да прави фустани за кукли. Родителите велат дека тоа е губење време, дека треба да се посвети на нешто покорисно. Во почетокот тоа се обични фустани, но со време стануваат сè подобри и поубави. Како возрасно, тоа девојче прави голема кариера во светот на дизајнот, но секогаш со себе носи еден грд спомен – нејзините родители никогаш не верувале во неа…

Внимавајте што им ветувате на децата. Внимавајте што им зборувате за нивните страсти и хобија. Постои голема шанса никогаш да не ги простат невнимателните зборови…

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top