Игротека

Двајца од јутјуберите што најмногу заработиле во 2019 година се деца под осум години

Најплатениот јутјубер во 2019 година заработил 26 милиони долари зборувајќи за играчки. Овие вести може да ве замислат што правите со вашиот живот, а следствено на тоа „Форбс“ објави годишна ранг-листа на топ-10 јутјубери со најголема заработка – двајца немаат ни двоцифрен број години.

Осумгодишниот Рајан Каџи, кој заработил 26 милиони долари преку неговите видеа и линија на над 100 играчки, облека и друго, веќе втора година е најдобар во натпреварот со лица со најголема заработувачка на „Јутјуб“. Годинава дури заработил 4 милиони долари повеќе од минатата.Така Каџи сега е веќе „професионалец“, со оглед на тоа дека почнал со блогот на три години.

Каџи има 23 милиони следбеници, а неговото најпопуларно видео, кое има 1,9 милијарда прегледи, се состои од тоа што тој трча наоколу собирајќи пластични јајца во кои има играчки. Но, тој не е единственото дете што заработува преку јутјуб-видеа.

Петгодишната Анастасија Разинскаја е на третото место на листата на „Форбс“ со заработка од 18 милиони долари во 2019 година. Родителите на ова девојче го креирале нејзиниот канал на „Јутјуб“ за да го документираат нејзиниот третман за церебрална парализа. Не било потребно многу време за јавноста да се заљуби во ова мало девојче.

Денес таа има над 107 милиони следбеници на седум канали и потпишува договори со суми со шест цифри. Работата за неа е дружењето со нејзиното семејство, играњето со мачката и одењето на семејни и пријателски екскурзии, како и нејзиното популарно патување во зоолошка градина во 2018 година.

Други на листата се: „Дуд перфект“ (20 милиони долари), Рет и Линк (17,5 милиони долари), Џефри Стар (17 милиони долари), Престон Арсмент (14 милиони долари), ПјуДајПај (13 милиони долари), Маркиплаер (13 милиони долари), Даниел Мидлтон (12 милиони долари) и Еван Фонг (11,5 милиони долари).

Очигледно овие бројки се доволни за секој да посака да му се приклучи на црикусот – а под циркус се мисли на светот на паричното блогерство. Сепак, авторот за интернет-културата и јутјуберите, Крис Стокел-Вокер, предупредува дека јутјуб-славата е исклучок од правилото. „Повеќето луѓе што започнуваат јутјуб-канал, или се вклучуваат во сајбер-просторот како инфлуенсери, нема да успеат. 96,5 проценти од јутјуберите не заработуваат доволно од рекламите за да ја надминат американската линија на сиромаштија, а со тоа што постојано се зголемува бројот на создавачи на платформи, натпреварот е навистина тежок“.

Фото: scarymommy.com

Студија спроведена од истражувачкиот центар „Пју“ покажува дека оваа година видеата со деца имаат во просек трипати повеќе прегледи отколку други типови видеа. Рајан и Анастасија очигледно започнуваат нешто, а тоа во нивниот случај им носи неверојатна заработка.

Сепак, ова може да не потрае долго. „Јутјуб“ најавува дека во тек е процес на промовирање нови практики за раководење на детските содржини, дизајнирани за заштита на младите луѓе на самата платформа. Сепак, тие практики ќе го ограничуваат потенцијалот за заработка на јутјуберите.

Но, ако вашето дете покаже вистински талент за отпакување играчки и зборување за групни игри, можеби е вредно да го испробате сето ова. „Јутјуб“ како платформа е доста популарна меѓу младите, па којзнае? Можеби тоа ќе биде почетокот на нивната идна кариера.

Автор: Џули Спренклс

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top