Поранешен кошаркар и уметник создадоа нов пристап кон третирање на менталните заболувања и помагање на децата со аутизам.

– Некој еднаш ни рече: „Вие, момци, можете да го промените светот. Тоа го сфатив како облог. Па, ајде да се обложиме – рече Кенет Хаирсон, коосновач на „Ауртизам“ и поранешен кошаркар.

„Ауртизам“ се однесува на уметноста и аутизмот. Објектот ѝ служи на заедницата за аутизам.

– Сакавме да создадеме место за среќа. Затоа одлучивме да го основаме „Ауртизам“ и да ја користиме уметноста како форма на терапија за повторно да ги израдуваме луѓето – рече Харисон.

„Ауртзам“ не е медицинска установа. Местото е полно со светлина и боја.

– Роден сум во Лас Вегас и се занимавам со уметност речиси цел живот. Само сакав местото да го направам шарено и да обезбедам удобно место каде што луѓето ќе се чувствуваат добро – рече Корни Хајвуд, коосновач на „Ауртизам“.

– Сè што гледате во оваа зграда е направено од него, изградено од него, обоено од него – изјави Харисон.

Двајцата млади луѓе почнаа мисија, а неодамна отворија уште еден објект во Аризона. Тие планираат да отворат студио за арт-терапија во секој голем град во Америка.

Извор



912

X