Според зборовите на Дејан Јовен, педијатар во Здравствениот дом „Д-р Симо Милошевиќ“ во општина Чукарица, Белград, во последните десеттина години најчестите здравствени проблеми што ги мачат децата од претшколска возраст се рамните табани и лошото држење на телото.

Ова се дијагнози кои главно се впишуваат во картонот на идните првачиња и ги следат до завршувањето на средното образование, пренесува агенцијата „Танјуг“. Тој истакнува дека ниту ортопедите не можат да објаснат што е причина за тоа.

– Рамните табани, според зачестеноста, ги престигнаа и кривиот ‘рбет и лошото држење. Се случува и да завршат средно образование, а и понатаму да имаат рамни табани. Некогаш децата многу повеќе време одеа боси, а рамните табани беа реткост. Можеби тоа е една од причините што веќе со години овој деформитет е најчесто присутен кај идните ученици – вели д-р Јонев.

Тој наведува дека лошото држење не е поврзано со носењето училишна торба, туку со ставот на телото, начинот на одење на денешната генерација.

И д-р Бисерка Шутаковиќ, началник на педијатрија во Здравствениот дом „Земун“, вели дека систематските прегледи покажале дека децата од претшколска возраст ги имаат истите здравствени проблеми.

Извор



912

X