Воспитување

Душко Радовиќ: Дојде време кога сите имаат расно куче, а диво дете

Дали луѓето би можеле да бидат подобри? Би можеле, но никој не сака да почне прв. Сите имаат лоши искуства. Зарем не се заколнувавме многу пати дека ќе бидеме подобри?

„Дојдоа други времиња. Деца има сè помалку, а кучиња сè повеќе. Денес го знаеме она што никогаш не сме го знаеле: кучињата се главно расни, а децата се наши, домашни и диви. Од кучето не треба ништо и никој да се создаде, тие се раѓаат и умираат како кучиња. А од децата треба да се создадат луѓе, што е речиси невозможно.

Никогаш жена не може да ви роди толку квалитетно дете какво што можете да купите куче. Од детето никогаш нема да создадете куче, а кучето може да ви стане нешто повеќе од дете. Со кучето морате да излезете на прошетка, што само може да му користи на вашето здравје. Кон детето немате такви обврски.

Доаѓа некое кучешко време, во најдобра смисла на зборот“. Ова се само некои од афоризмите што  се прераскажуваат денес. Поминаа 31 година од смртта на големиот Душко Радовиќ, но неговиот збор и понатаму живее. Прочитајте некои негови најинтересни мисли:

„Пред да го поправите светот, поправете ја чешмата во својот дом“.

„Светот би бил многу посреќен и поубав кога секој би си ја поправил сопствената чешма или барем забите“.

„Зошто уличните канти за отпадоци не се подигнат на висина на кошаркарските кошеви? Тоа би било провокација на која никој од нашата кошаркарска нација не би одолеал. Кошевите би биле полни, а градот чист“.

фотоизвор: ddl.rs

„Вчера еден родител рече на родителски состанок: Дајте ми добро дете, па ќе видите каков татко сум јас!“

„Пред да тргнете да ја барате среќата, проверете – можеби веќе сте среќни. Среќата е мала, обична и ненаметлива и многумина не умеат да ја видат“.

„За разлика од докторите на науки, селаните имаат повеќе знаење отколку експертите“.

„Вложувајте во стомакот! Тоа вложување дава брзи и видливи резултати. Вложувањето во главата е долгорочно и неизвесно“.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top