Претставата „Тоби“ на Театарот за деца и младинци освои пет награди на 7. Меѓународен фестивал за кукларство во Подгорица. Претставата на Драгослав Тодоровиќ ги освои следните награди: Гран-при за најдобра претстава, награди за најдобра режија, за актерско мајсторство за Марија Ѓорѓијовска, за најдобро техничко-естетско решение на кукли за Ирина Сомборац и награда за најдобра претстава од детското жири на фестивалот. Во претставата играат и: Катарина Илиевска-Силјановска, Винета Дамческа, Ана Левајковиќ-Бошков и Мики Анчевски.
„Тоби“ наскоро ќе биде изведена и на фестивал на куклени претстави во Суботица.
Фото: Театар за деца и младинци
С.Ѓ.