По низа непроспиени ноќи, се прашувате што е нормално и колку би требало да спие вашето бебе? Мислењата на експертите можете да ги пронајдете во книгите и на веб-порталите, а искуствата од другите мајки на форуми и социјални мрежи, но една мајка блогерка кажала сè.

Емили-Џејн Кларк, авторка на блогот „Украден сон“, е мајка на две девојчиња, Исле и Клео, кои не сакаат да спијат. Направила генијална таблица за детско спиење која ги прикажува работите такви какви што се. Целта ѝ била да им олесни на родителите чии деца не спијат и да им покаже дека не се сами. Вака изгледа нејзината таблица – Колку би требало да спие моето дете?

0-1 месец

Дневно спиење: Доволно за да почувствувате малку задоволство.
Ноќ: 0-12 часа (додека не ги спуштите во креветче)

1-3 месеци

Дневно спиење: 1-3 пати (но, само во автомобил во возење или на ваши раце).
Ноќ: Не премногу заради постојаното хранење.

3-6 месеци

Дневно спиење: Само на вас. Не сте веќе толку самозадоволни.
Ноќ: Онолку колку што ви треба за да легнете в кревет и да склопите очи.

6-12 месеци

Дневно спиење: Тешко.
Ноќ: Не премногу. Сите што ви рекле дека ќе спијат по воведување цврста храна ве излажале.

1-2 години

Дневно спиење: Како и да е. Зарем тоа воопшто постои?
Ноќ: Кому му е гајле?

Емили со двете ќерки проживеала многу непроспиени ноќи и неуспешни обиди за заспивање. „Кога е добра ноќ, се будат на неколку часа, а кога ноќта е лоша, на секој половина час, а кога е навистина лоша, воопшто не спијат“, вели мајката, која на „Фејсбук“ собрала заедница на ненаспани родители. Авторка е на книгата „Спиењето е за слабаците: Како да го натерате бебето да заспие“, прва книга за бебиња и спиење без никакви совети, наменета за сите оние што поради своето бебе не можеле да спијат.

Извор



912

X