Здравје

ДСЗИ: Нема лекарски пропусти за неоткриениот дијабетес кај четирите деца

Матичните лекари уредно ја воделе состојбата на децата заболени од дијабетес. Ова го покажале инспекциските надзори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат -ДСЗИ, информира оваа институција во заедничко соопштение со Клиника за детски болести.

Предходните денови на скопските клиники беа донесени четири деца со дијабетес мелитус тип 1 од внатрешноста, поточно две од Охрид, едно од Гевгелија и едно од Свети Николе, во сериозна здравствена состојба. Едно од децата беше во кома.

– ДСЗИ изврши вонредни инспекциски надзори кај матичните доктори на децата при што од увидот е констатирано дека на сите четири деца за прв пат им е дијагностициран дијабет по последното влошувањето на здравствената состојба поврзана со хоспитализацијата на клинките во Скопје – стои во соопштението.

Од првичниот увид во медицинската докуменација водена за децата, ДСЗИ костатирал дека сите посети на децата кај матичените лекари како и посетите во останатите здравствени установи, воглавно се уредно евидентирани.

– Имајќи го предвид наведетото, водењето на децата од страна на матичните лекари како и од страна на здравствените работници во болничките установи, е согласно упатствата и протоколите за Медицина базирана на докази – се вели во соопштението.

Дијабетес мелитус тип 1 е најчесто автоимуно заболување кое се карактеризира со деструкција на бета клетките на панкреасот при што доаѓа до комлетен недостиг на инсулин.

Една третина од новодијагностицираните деца од дијабетес мелитус тип 1 се примаат во кетоацидозна состојба која бара интензивна терапија.

-Децата обично пројавуваат симптоми на зголемен внес на течности, зголемено мокрење, зголемен внес на храна, слабеење и стомачни болки, една до четири недели пред да им биде поставена дијгнозата. Нашата држава спаѓа во земјите со мала/средна инциденца во однос на појавата на дијабет кај деца. Во последните години постои тренд на зголемување на бројот на заболените кое е во согласност со светските трендови – стои во соопштението.

Б.Т.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top