Игротека

Дружете се со јутјуберот Стефонатор во секој број на „Наш свет“

Списанието кое едуцира, информира и забавува генерации ученици од шесто до деветто одделение со децении продолжува да предизвикува љубопитство и амбиција, да претставува позитивни модели на однесување, да поттикнува на истражување и креација. Притоа, следејќи ги најновите трендови во дизајнот и визуелното обликување.

 

Па така, „Наш свет“, продолжувајќи ја својата традиција на посветеност на тинејџерите, на своите страници ви носи нова и возбудлива рубрика:

Дружете се со Стефонатор, еден од вашите најомилени јутјубери, во секој број на „Наш свет“. Со него и неговите „Зачудувачки факти“ научете неверојатно интересни и корисни нешта! Стефонатор ве води од едниот крај на светот до другиот, па и малку подалеку!

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top