Кога дознав дека сум бремена со четврто дете, веднаш се загрижив за третото дете, кое сè уште немаше ни една година. Немавме толку мала разлика во возраста меѓу другите деца, па бев загрижена за моето мало момче. Моите деца обожаваат да се дружат, но почнав да се прашувам како добивањето брат или сестра влијае врз нивниот мозок.
Д-р Кајл Прует, клинички професор по детска психијатрија на Медицинскиот факултет при „Јеил“ и член на Образовниот советодавен одбор на Годард, ме увери дека влијанието кај децата зависи од карактерот на родителите, структурата на семејството и возраста на децата кога добиваат нов брат или сестра.
Со тоа што 80 отсто од жителите во САД имаат барем еден брат или сестра, фер е да се постави прашањето: Како растењето со помал брат или сестра влијае врз тоа каква личност би биле? И како би ја донеле оваа одлука за своето дете?
Во здраво семејство, братот или сестрата има позитивно влијание врз социјалните вештини и однесувањето на детето. Би можело да ви биде некаква утеха да знаете дека според искуството на Прует, и мајките и татковците претпоставуваат дека работите ќе бидат полоши отколку што всушност се.

Важен фактор за тоа колку добро ќе се приспособи детето на новиот брат или сестра е односот со таткото. Прует вели: „Осигурете се таткото да поминува повеќе време со првороденото дете. Тие се соочуваат со нешто слично, и двајцата губат мал дел од главната жена во својот живот бидејќи таа се грижи за бебето. Децата што имаат блиска врска со своите татковци многу подобро се справуваат со стресот кога ќе добијат брат или сестра за разлика од другите“.
Студиите укажуваат на намалување на наклонетоста и на вербална комуникација на мајката со првороденото дете кога се раѓа брат или сестра – особено во првите шест месеци. Но, не дозволувајте овие податоци да ве исплашат, тоа е совршено нормален феномен што децата го доживуваат. Тоа е силен аргумент таткото повеќе да се поврзе со првото дете, додека енергијата и вниманието на мајката се потребни на друго место.
Прует посочува дека желбата на родителите за друго дете е поврзана со нивното место во семејството: „Ако сте мајка и пораснавте како второродена, поголема е веројатноста да бидете поголем ентузијаст за друго дете отколку мајката што е првородена“.
Детските потреби, темпераментите и семејните системи се разликуваат, па затоа не постои начин да се предвиди како раѓањето на брат или сестра ќе влијае врз детето.
Гледајќи ги моите најмлади момчиња како си играат, кои се разлика само 19 месеци, имам чувство дека некако тие се поврзани меѓу себе. Тоа што формираат пријателство е најслаткиот подарок за мене – и мислам дека и јас им дадов прилично голем подарок.

 



912

X