Две најдобри другарчиња, кои живеат едно до друго во Англија, конечно ќе можат повторно да играат заедно иако се во изолација, откако едната мајка земени дел од дрвената ограда со прозорец.

Бидејќи новиот вирус ги натерал семејствата да се изолираат, на 3-годишниот Арло и 2-годишната Арабела им недостигал нивниот другар Лео Адлингтон, кој живее веднаш до нив во Јоркшир.

За да ги обедини, а истовремено да ги почитува насоките за социјално дистанцирање, мајката на Арло и Арабела исекла дупка во нивната заедничка ограда и поставила прозорец за децата да можат да се гледаат додека играат.

Фото: SWNS

– На Арабела и Арло тешко им падна изолацијата, до тој степен што почнаа да се качуваат по оградата за да го видат своето другарче. Затоа, наместо да се качуваат, одлучив да им поставам прозорец за да го гледаат – вели 27-годишната Ејми Викерс.

Откако се согласила мајката на Лео, тие почнале со работа.

– Ја измеривме оградата и потоа порачавме прозорец на „Ибеј“, ја исековме оградата и го поставивме прозорецот. Купивме маркери за тие да можат да цртаат на прозорецот. Сега децата по цел ден стојат пред прозорецот – додава таа.

Извор



912

X