Игротека

Дру Баримор: „Не се поистоветувам со луѓе што лесно минуваат низ родителството“

Дру Баримор емотивно го пробиваше својот пат низ пандемијата слично како и повеќето од нас и одвои малку време за магазинот „Ју“ да зборува за лудата железница на која се „возела“ во изминатите неколку години, од нејзиниот развод со уметничкиот консултант Вил Копелман во 2016 година до нејзиниот живот како самохрана мајка на ќерките Олив (9) и Френки (7).

Нема ништо лесно во тоа да се биде самохрана мајка или дури и во родителството – но исто така не можете да се движите низ животот полни со жалење и каење.

– Не се поврзувам и не се поистоветувам со луѓе кои низ животот и родителството се движат со леснотија. Се поврзувам со борба, освојување, хумор, неред. Не можам да поднесам лажирање – вели таа.

Ова не е првпат 46-годишната актерка да биде искрена и реална за нејзиниот живот или нејзиното родителство – во минатото таа отворено зборуваше за сè, од тоа дека се чувствува виновна што работи и не е дома со децата, до учење како да се одмори, до борбата со тежината и културата на исхрана.

Баримор имаше два кратки брака во далечното минато, но нејзиниот трет брак со таткото на нејзините деца е оној што ја приземји. Како дете на разведени родители и како некој со славно бурно детство, таа беше здробена.

– Разводот беше мојот најголем страв. Тоа беше нешто со кое никогаш не сакав да ги измачувам моите деца. Бев скршена. Направив огромни промени во мојот живот и, за среќа, ги направив непосредно пред пандемијата, затоа што се плашам дека немаше да бидам онаму каде што сум сега – вели таа.

Баримор е навикната на драма – таа имала доста подеми и падови во животот, а дел од нив беа јавни.

– Имав еден долг, убав, сочен нервен слом. Тогаш мора да верувате дека ќе се вратите. Да се биде родител е најважната работа, но воспитувањето и одгледувањето бебиња е застрашувачко и возбудливо и многу тешко – вели таа.

Сега вели дека е во подобри односи со нејзиниот поранешен сопруг.

– Вил и јас работевме напорно низ годините. Не можам да ви кажам колку беше тешко. Луѓето прават заедничкото родителство да изгледа лесно. Но, не е – вели Дру.

Како и сè друго, нејзиниот пристап кон родителството е неуреден и реален, и таа нема проблем да зборува за тоа како се бори да го постигне тоа како што треба.

– Кога луѓето зборуваа со мене за родителството, се чувствував како отфрлена. Ми требаа години за конечно да соберам храброст да кажам: „Можеш ли да ми зборуваш како некој што очајно се обидува да научи? Ќе ме научиш ли? – вели Дру.

Една од најголемите работи што ги научила е дека нејзините борби ќе ѝ помогнат да биде подобар родител за нејзините деца.

– Знам дека не сум им омилена личност на сите. И тоа е во ред. Но, се надевам дека моите искуства ќе ме направат подобра мајка – вели таа.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top