Воспитување

Дру Баримор не се откажува: Сакам моите деца да ме сакаат, но не им давам мобилни телефони

Секој родител во денешно време мора да донесе одлука поврзана со мобилниот телефон. Мобилните телефони се едноставно неизбежен дел од денешниот живот и во одреден момент сите ги имаме. Меѓутоа, ако можеме барем малку да го одложиме давањето мобилни телефони на нашите деца, подобро е да го сториме тоа. Дали тоа ќе биде на 8, 10 или 12 години? Останува на нас да одлучиме.

И тоа не е секогаш еднакво тешко. Некои деца инсистираат дека навистина сакаат мобилен телефон, па некои родители се откажуваат од своите верувања и им даваат таков уред. Понекогаш се испоставува дека е прерано бидејќи не сите деца можат да се контролираат и внимателно да следат на каква содржина се изложени.

Една од мајките што не се откажуваат од своите верувања е актерката Дру Баримор. За време на снимањето во своето студио таа со публиката ги споделила чувствата за оваа важна тема и признала дека се мачи – бидејќи нејзините ќерки Олив (11) и Френки (10) сакаат мобилни телефони, а таа е против тоа. Се разбира, тие две ѝ се лутат.

-Многу родители им даваат телефони на своите деца на многу рана возраст, а тоа е едноставно пристап до сè. Навистина е тешко. Тоа навистина ме погодува – рекла Дру.

Но, таа открила и дека не планира да се откаже:

-Нема да се откажам, нема да се откажам. Сè уште не сум им дала телефони на моите деца.

Во тој момент од публиката избувнал аплауз на поддршка. Иако е сигурна во својот избор и не го доведува во прашање, Дру отворено размислува за внатрешната борба на родителите која се јавува додека нашите деца стануваат сѐ понезависни.

-Неверојатно е што толку многу сакав моите деца да ме сакаат мене и да ја сакаат својата околина и да се чувствуваат безбедно… Никој од нас не сака нашите деца да ни замерат и да ни се лутат. И ние не сакаме да бидеме нивни непријатели. Тежок е изборот да се каже: „Не ми е гајле дали ме мразиш поради ова. Не ми е гајле дали ми се лутиш поради ова. Знам дека ја правам вистинската работа со тебе и го прифаќам твојот гнев“.

Дру објективно признала дека знае оти ниту еден родител не сака неговото дете да му се налути.

-Тоа не е добро чувство. Но, знам дека тоа е најдоброто за нив и морам да се држам до истото – одлучно рекла Дру.

Сепак, тоа што е толку цврста во својата одлука не значи дека не ѝ е тешко и дека тоа го прави без многу размислување. Секој ден, вели, мора да најде храброст да не попушти и да сочувствува со сите што минуваат низ истото. Сепак, многу дипломатски, таа не ги заборавила и оние родители што сепак им даваат телефони на своите деца.

@thedrewbarrymoreshow @Drew Barrymore on the challenge of parenting kids who want cellphones 🤳 #parents #parentsoftiktok #parenting ♬ original sound – thedrewbarrymoreshow

-Инаку, ако сте им дале телефони на вашите деца, не грешите. Нема правилно и погрешно. Едноставно е тешко да се движите низ процесот на родителството.

-Ако вашето дете никогаш не ви се налути, тогаш не ја вршите добро работата – напишал еден родител.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top