Британската водителка Кристина Олсоп одлучила да примени нови воспитни мерки откако нејзините деца прекршиле едно од клучните правила.
Таа признала дека понекогаш има брутални методи на воспитување. Кристина е мајка на две биолошки деца и на двајца посвоени синови и одлучила да ги казни на невообичаен начин бидејќи многу време поминувале на таблетите.
– Пред некое време им ги скршив таблетите, но не во насилна смисла. Ги удрив од ногарката на столот. Играа една популарна игра. Имавме низа правила и распоред кога не може да користат таблети, но тие ги прекршија сите. На крај им кажав дека мора да ги уништам таблетите – раскажа Кристина за Ченел 5.
За овој инцидент коментирала на „Твитер“ откако некои ѝ сугерирале дека ќе било попаметно да го исклучи интернетот или да им ги земе паметните уреди.

 

View this post on Instagram

 

Sun cream ✅swim hat ✅rash vest✅it’s a strong look ???‍♀️

A post shared by Kirstie Allsopp (@kirstiemallsopp) on

– Кога би им фатиле цигари на децата, дали би им рекле: „Нема да ги уништам зашто чинат 10 долари, но ве молам немојте да пушите?“ Не, секако дека не – напишала таа.
Многумина го пофалија нејзиниот потег, но некои сметаа дека би било поодговорно да ги донирала во добротворни цели зашто многу деца во светот немаат такви предмети бидејќи нивните родители не можат да си ги дозволат.
Кристина одговорила дека тоа нема врска со парите, туку дека тоа било потег против негативното влијание во нејзината куќа. Додала дека лекцијата што ја научиле нејзините деца вреди повеќе од таблетите.
Ова не е првпат славната водителка да ги открива своите контроверзни погледи на воспитувањето на децата. Еве уште неколку совети:

До моментот кога ги скршила таблетите, Кристина тврдела дека на нејзините синови постари од 10 и 12 години не им е дозволено да користат паметни телефони и „штетни“ друштвени мрежи.
– Мислам дека друштвените мрежи не се соодветни за децата зашто многу е лошо чувството -„Ох, барем да бев повикан на ова“ или „Ох, моите пријатели правеа нешто забавно без мене“… – изјавила во една пригода.
Во нејзиниот дом има уште едно правило – во собите нема интернет.



912

X