Се сеќавате на таа слобода која сте ја имале пред да станете родители? Сега некако тоа е сосема незамисливо. Можевте да спиете колку сакате, можевте да останете будни до доцна, можевте да излезете и да се забавувате, да испиете неколку пијачки со пријателите без да размислувате како тоа ќе влијае врз вашата трезвеност следниот ден. Никој не зависеше од вас и си правевте распореди како што ви одговараше.
Но, избравте да станете родители. И тоа е најубавото нешто што сте го доживеале. Не би го замениле за ништо. Освен што понекогаш малку ви недостига таа слобода. А знаеме дека родителството значи и подразбира малку пожртвуваност…
Некогаш ни е лесно, некогаш не, но тоа е цената. Една мајка објавила видео на својот профил на „Тик-ток“ во кое го покренала прашањето за одрекувањето. Имено, Саманта, мајка на две деца која живее во Њујорк и најчесто пишува за модата, во една неодамнешна објава се осврнала на нешто што случајно го забележала во друштво на други родители, а тој став би можел да биде доста контроверзен.
-Во текот на изминатите неколку недели забележав дека многу сопрузи/партнери ги пропуштаат роденденските забави на децата, состаноци за играње, каков било вид активност за викенд. Секогаш прашувам: „Каде е тој и тој“, а одговорот е секогаш: „Ох, натпреварот е денес“. Мислам дека е сосема лудо што нормализиравме дека е сосема во ред за родителот, или поточно тоа е најчесто таткото, да пропушта такви работи заради натпревари. Затоа што не се прашува дали е тоа во ред, нели? Само треба да земеме предвид кога е Светското првенство…
Саманта се запрашала – има ли нешто на телевизија што би ја оправдало жената да не оди на детски настан. Таа никогаш не помислила на такво нешто.
@thenyblonde I feel like somone had to say whag all the mothers are thinking… #momsoftiktok #momsbelike #momtok #momlife #moms ♬ original sound – Thenyblonde
-Посакувам да имам нешто како изговор, па да кажам: „Не можам во сабота затоа што има нешто на телевизија што не можам да го пропуштам, што е обично во средината на денот, за време на сите детски настани или кога сите обврски се во тек.
Иако Саманта претпоставувала дека ова ќе биде контроверзна позиција, многумина во коментарите брзо се согласиле со неа и изразиле сочувство.
-Замислете жена која му вели на својот сопруг: „Серијата ми е на телевизија, па јас не можам. Те молам земи го нашето дете“ – помислила една мајка.
-Луѓето се однесуваат како спортот да не е ТВ-шоу што можеш да го гледаш подоцна – се потсмевал друг, но имало и такви кои истакнале оти се среќни што нашле партнер на кој не му е грижа за фудбалот или кои сфатиле дека родителството подразбира натпреварот да се гледа подоцна.
Сè има свои предности, нели? А најголемата предност е да не го пропуштаме времето поминато со нашите деца…
Автор: Наташа Крстичевиќ
912