Драги татковци, ова е писмо што сите треба да го прочитате кога ќе ви се роди ќерка. Треба да знаете дека не е лесно да се биде татко и никој нема да ви даде инструкции како да се однесувате кон тие слатки мали девојчиња, кои еден ден ќе пораснат во извонредни жени, подготвени да го променат светот. Важно е да бидете свесни дека вашето влијание ќе остави трага во нивните животи, карактери, успеси и порази.

Не обрнувајте внимание на оние што велат дека е задача на мајката да се грижи за едукацијата на децата, бидејќи улогата што вие ќе ја имате во животите на вашите ќерки ќе биде главна. За нивните идни врски, за врските што ќе ги имаат со мажите, за начинот на кој ќе се справуваат во браковите и во нивните односи со сопствените деца.

Еден ден ќе бидете дедовци и ќе се гордеете со работата што сте ја завршиле, но претходно не заборавајте како да бидете модел за вашите мали девојчиња. Модел од кој ќе бидат инспирирани кога ќе избираат партнер со кој ќе го споделуваат животот, модел кој нема да се промени иако тие ќе престанат да веруваат во постоењето на „принцот“, по нивните големи разочарувања во љубовта. Останете покрај своите девојчиња и во нивните успеси и порази и научете ги на храброст, слобода и желба да сонуваат и покрај сите препреки. Научете ги ќерките да веруваат во себе, охрабрувајте ги да летаат, да бидат независни, сами да ги завршат работите. Бидете првиот што ќе верува во нив: ова ќе биде најважното покажување на љубовта во вашиот однос.

Бидејќи за вашите ќерки вие секогаш ќе бидете првата машка фигура во светот, вашата задача не е најлесна. Мора секогаш да бидете тука, активно присутни и да ја споделувате задачата за едукација на вашата ќерка, заедно со нејзината мајка.

Играјте со вашите ќерки, не плашете се да ги извалкате рацете со бои или земете ги и однесете ги на фудбалски натпревар. Прегрнувајте ги и бакнувајте ги, секогаш нека ја чувствуваат вашата љубов и внимание. И не плашете се во текот на типичното бунтовништво во адолесценцијата, кога секој ваш совет ќе биде сфатен како напад, бидејќи по таа фаза ќе дојде момент кога ќе го запечатите вашиот однос засекогаш.

Ако и тогаш се гордеат со вас, тогаш сте успеале во целта да бидете модел за нив, пример од кој и другите мажи треба да црпат инспирација.

Автор: Иларија Бараброса

Извор



912

X