Драги мои деца кои наскоро ќе станете тинејџери,

Вие што сте веќе доволно големи за да го користите далечинскиот управувач без моја помош, да истрчате надвор за пет секунди кога ќе ви се јават другарите, да ме замолите да ви купам таблет бидејќи сите други имаат, вие веќе сте доволно големи за да го разберете ова што сега ќе ви го објаснам.

Прво, знаете дека ве сакам повеќе отколку што некогаш би можела да објаснам. Но, многу ми е важно да ме слушнете сега. За да не го изгубам умот.

Ова може да биде шок за вас.

Но.

Постои огромна разлика помеѓу домашните обврски и одржувањето на редот во домот.

Се прашувате зошто да зборуваме за ова? Па, на пример, затоа што вчера некој од вас ги преврте очите и воздивна незадоволно кога замолив да го закачи својот влажен пешкир на своето место во бањата. Сето тоа, проследено со коментар: „Не знаев дека денес треба да се занимаваме со домашни обврски…“

Неколку дена пред тоа, на барање да го извадите ѓубрето надвор и да го фрлите кога ќе одите на училиште, повторно, некој од вас рече, цитирам: „Сите домашни обврски јас ги завршувам…“

Значи, да бидеме јасни: домашна работа е кога ќе ги засукате ракавите, ќе земете четка и ќе го исчистите тушот. Домашна обврска е кога ќе ги извадите правосмукалката и чистачот на пареа, па со нив ќе поминете во секој агол и собата ќе мириса на чисто. Домашната обврска е она што сите заедно го правиме еднаш неделно, обично за време на викендот.

Одржувањето ред во домот е нешто друго. Односно, тоа е, подгответе се… КОГА ЌЕ ГО ЗАКАЧИТЕ ВАШИОТ ВЛАЖЕН ПЕШКИР НА МЕСТО, по туширањето. Или кога ставате валкани алишта во корпата. Внимавајте, не НАД кошницата. ВО кошницата. Одржување на редот е и кога ќе го ставите валканиот сад во машина за миење садови. И ќе ја избришете масата, ако сте ја извалкале за време на појадокот. Одржување е кога ќе ги избришете чевлите и ќе ги вратите во шкафчето за чевли, а јакната ќе ја ставите на закачалката. Не морам да продолжам, ме разбирате.

Значи:

Домашни обврски = средување и чистење

Одржување ред = мали дневни „задачи“ кои вклучуваат враќање на работите на свое место.

Можеби еден ден ќе заработите толку многу пари што некој друг ќе ги завршува домашните обврски наместо вас. Но и тогаш, дури и да имате многу пари, секојдневното одржување ќе треба сами да го правите. До крајот на времето. Затоа сакам да го научите тоа сега.

И да не заборавам – ве сакам до Сонцето и назад. Вие сте моето најголемо богатство и нема ништо што не би го направила за вас. Освен враќањето на пешкирот на своето место. Тоа ќе треба да го направите сами.

Ве сака, мама.

Извор



912

X