Драга сегашна и идна изморена мајко!

Ако твоето дете утринава одлучило да го прогласи денот за почнат во 5 часот, насмевни се. Замисли дека баш тоа утро си планирала да се разбудиш рано. Само наместо аларм, си добила прст в око. Направи кафе и обиди се да го испиеш топло. Ако не оди по планот, насмевни се. Замисли дека баш такво го сакаш кафето, студено и отстоено неколку часа.

Би требало да излезете надвор, но те боли главата и не ти се допаѓа твојот одраз во огледалото? Опушти се. Отвори го прозорецот за да влезе свеж воздух. Денес е ден за цртан филм. Не си лоша мајка поради тоа и цртаниот нема да предизвика аутизам кај твоето дете.

Дошло време за спиење? Супер! Прегрни го твоето малечко и спиј со него. Научно не е докажано дека детето спие подолго покрај мајката, но гарантиран е барем еден и пол час сон.

Планетите денес сепак не се на твоја страна и детето одбива да заспие? Немој да се нервираш и да си ја кубеш косата. Не троши ги солзите. Легни и играј си со прстињата. Бакнувај го детето од глава до петици. Слободно затвори ги очите на 15 минути. Никаде нема да побегне.

Гладни сте, а денот е таков што не си успеала ништо да зготвиш? Извлечи го од торбата оној леток од ресторанот што го најде во поштенското сандаче и нарачај нешто. Ако твоето дете јаде цврста храна, слободно дај му. Нема да добие дијабетес, ниту ќе стане дебело. Секако, сите знаеме дека во фрижидерот имаш цел лонец со пилешка чорба. Повторно направи густа супа.

Уште колку часа до крајот на денот? Насмевни се. Пушти ја омилената музика. Извлечи ја најдрагата книга и читај наглас. Твоето дете сака кога зборуваш. Ќе ви биде убаво.

Време е за бањање на бебето, а и тебе добро би ти дошло? Можете да се бањате заедно. Потоа легнете и убаво наспијте се.

Утре е нов ден. Не грижи се за нечистите садови во кујната.

Автор: Марија/хештегбосанка

Извор



912

X