Драга неплодност,

Те мразев. Ти крадеш соништа. Кршиш срца. Носиш тага. Обземаш животи. Ти си причината што не можам природно да забременам. Ми го удави срцето во тага поради неможноста да станам мајка како повеќето жени. Ми кажа дека моето тело не е доволно добро. Можеби имаш голем дел од мојата животна приказна, но никогаш не ме дефинираше. Те победив. Те поразив. Ти покажав дека има победа и во неплодноста и Бог конечно засади живот во мојата утроба.

Неплодност, има многу работи што ги донесе со себе кога влезе во мојот живот. Не беше само фактот дека не можев да забременам. Ми донесе повеќе солзи отколку што можев да замислам дека ќе пролеам. Поради тебе, лежев на подот во бањата чувствувајќи целосна празнина по безбројните негативни тестови за бременост.

Требаше да трпам инјекции, модринки и секакви лекови поради тебе и да барам третман за помош, поради тебе. Ти си скапа и исцрпувачка физички, емоционално и ментално. Неплодност, ми го удави срцето во разочарување и агонија. Искрено, беше болно секојпат кога ќе ги слушнев зборовите „Бремена сум“ од некој друг, а јас не можев да ги кажам. Но, сепак, ти ми донесе надеж.

фото: Desiree Fortin/ facebook

Колку и да те мразев, благодарна сум ти што беше дел од мојата приказна. Ме направи силна. Дури и пред да забременам, мојата сила растеше. Не само што се чувствував како супержена по сите тие инјекции, лекови, крвни тестови, посети на лекар итн., туку најдов и емоционална сила, исто така. Научив како да бидам храбра и да одам низ мојата приказна со верба, верувајќи дека Господ го знаеше секој детаљ пред јас да го знам. Ти беше мојата пепел, но Бог те направи прекрасна. Да не беше ти и екстремната болка во срцето што ми ја предизвика, лагите што ми ги кажа, тагата која ја предизвикуваше во моето срце повторно и повторно, немаше да ја разбирам надежта како сега. Надежта не разочарува. Надеж е да се има верба во она што изгледа невозможно. Тоа е верување кога ситуацијата изгледа безнадежно.

Неплодност, денес, кога се сеќавам на тие години кога беше дел од мојот живот, можам само да кажам БЛАГОДАРАМ!

Автор: Дезире Фортин

Извор



912

X