Драга мамо, ми требаш. Денес го преточувам во зборови плачот на срцата на децата. Можеби никогаш нема да ги слушнеш овие зборови гласно. Можеби децата не ни знаат дека го чувствуваат тоа, но ова е она што им го кажува срцето. Оваа молба е потсетник за мене исто колку што е потсетник за сите други родители.

Драга мамо, ми требаш

– Те молам постави граници. Прават да се чувствувам безбедно.
– Слушај ме. Ми треба некој со кого ќе разговарам, а понекогаш не можеш да слушнеш затоа што зборуваш премногу, или само половично слушаш затоа што си расеана.
– Дозволи ми да бидам дете. Учам преку игра. Не сакам да имам распоред цело време. Наскоро ќе пораснам. Не брзај.
– Имај трпение. Сè уште не сфаќам. Мојот мозок не може да добие зборови за да го изрази тоа што го чувствувам и учам како функционира овој живот. Понекогаш дејствувам без размислување затоа што не ги разбирам последиците. Ова ќе се подобри.
– Поставувај прашања. Ќе се отворам повеќе ако поставуваш прашања наместо да даваш мислења.
– Дозволи ми да ги доживеам последиците. Треба да учам за причината и последицата, а ти ми правиш лоша услуга кога ме спасуваш цело време.
– Биди присутна. Знам дека има нешто привлечно во тој твој екран, но сакам да ме погледнеш и навистина да ме слушнеш. Чувствувам дека Фејсбук ти е поважен од мене.
– Сакај го татко ми. Тоа прави да се чувствувам сигурно и ме тера да го почитувам и него.
– Биди доследна. Треба да знам што да очекувам.
– Биди флексибилна.
– Поминувај време со мене. Брзо растам. Други работи можат да чекаат. Наскоро ќе посакаш да го цениш ова време.
– Биди задоволна. Можам да го видам незадоволството на твоето лице, и тоа влијае врз мене. И мене ми создава незадоволство.
– Пофали ги моите напори. Треба да знам што правам правилно. Сакам да ја знам мојата вредност.

– Покажи ми насоки. Никогаш нема да научам без твое водство.
– Не разгалувај ме.
– Не викај. Тоа гради ѕидови и ме заплашува.
– Заштити ме, но не заштитувај ме премногу. Светот е опасен и ми треба твојата заштита. Сепак, и јас треба да научам да живеам на овој свет. Ќе биде тешко да се најде рамнотежа, но те молам стори го тоа.
– Не потпирај се на тоа дека другите ќе ме научат. Сакам да слушнам од ТЕБЕ.
– Времето е најдобриот подарок што можеш да ми го дадеш.
– Покажи ми. Не користи само зборови. Ми требаш како пример и модел.
– Запознај ме. Јас сум единствен/а. Различно реагирам на љубовта и на последиците. Јас не сум мојата сестра или брат, а не сум ни ти. Помогни ми да ја откријам мојата индивидуалност и да ја прифатам.
– Ослободи ме. Како што стареам, ми треба одредена независност. Ќе паднам. Ќе станам повторно.
– Сакај ме. Треба да го почувствувам тоа.

Извор



912

X