Воспитување

Драга ќерко, не сакам да бидеш како мене, туку подобра од мене

Има работи што не може да се објаснат и една од нив е неизмерната љубов што ја имам за тебе, ќерко моја. Она што се роди од моето срце и се прошири кон душата, исто така, беше толку интензивно како чувство што ги активира и сите мускули во моето тело. Неверојатно е што ова ми се случуваше уште пред да те видам. Чувствував како растеш во мене и тоа беше доволно за да започнам да ја креирам таа нераскинлива, вечна и силна врска која нè врзува и денес. Додека растеш, ќе те учам за сè што знам за светот, сè што научив преку патувањата, учењето и истражувањето на светот кој ми изгледа помалку страшен откако си со мене. Исто така, знам дека ќе дојде ден кога јас ќе учам од тебе.

Бидејќи ако има една работа за која се надевам за твојата иднина, тоа е ти да не бидеш како мене, туку подобра од мене. И знам дека сега не е многу веројатно да станеш нешто различно од мене, бидејќи кога се гледаме во огледало нашите одрази се соединуваат. Бидејќи изгледаш како мене. Твојата насмевка, очите, движењата, па дури и карактерот од ден на ден сè повеќе наликуваат на мене. Изгледаш како мене кога ме прашуваш дали може да ги носиш моите алишта и накит и кога ме гледаш и ми велиш дека сакаш да станеш убава како мене, твојата мајка. Малиот бунтовник од моето срце се соочува со предизвици кои ги наоѓа во тој микрокосмос од твоја возраст, па без страв ти велам дека ти си таа на која сакам јас да личам. Сакам да ја имам таа твоја смелост, која и покрај твојата возраст, веќе знам дека ќе ми создава многу проблеми, но исто и твојата дрскост, која ми дозволува да видам дека ќе им се спротивставуваш на сите мажи и жени што ќе се обидат да те покорат. И знам дека другите ќе се плашат од тебе бидејќи силните и одлучни луѓе ги плашат другите.

Но, секогаш биди горда на себе, на твоите грешки и неуспеси и учи од нив. Моја задача е да те научам на слобода и секогаш да се држиш до неа по која било цена. За да не згрешам и да ти ја доделам улогата на ќерка која долги години низ општеството се перципира погрешно, како некои работи да не ни припаѓаат. Наместо тоа, ќе те научам дека во тебе е моќта да навлезеш во улогите кои ти ќе ги одбереш и да ги оставиш кога ти ќе одлучиш, па никој нема право да ти закачува етикета што не ти припаѓа.

Сакам да ги сакаш сите прекрасни работи од овој свет и луѓето, без разлика на род, религиозна ориентација или потекло. Бидејќи љубовта не знае за граници и форми. И сакам да научиш од грешките од мајката која ти изгледа совршено, но не да ги правиш истите, туку да направиш нови и да научиш и од нив. Крши ги правилата колку што можеш и стани подобра од мене.

Автор: Иларија Бараброса

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top