Ја започнав мојата бременост со 2 килограма над мојата вообичаена тежина. А можеби беа и 10. Всушност, стресот од 2020 година резултира со печење голем број лебови и правење десерти, па следствено на тоа и дополнителни килограми – „Се ла ви“.

Имав намера мојата бременост да биде најздравата. Првпат во животот редовно вежбав и имав рутина која подразбираше и здрава исхрана. Без алкохол, со многу зеленчук и соодветни порции. Поентата ми е, иако се качував на вагата на неделна основа, повеќе бев фокусирана на моите здрави навики, начинот на кој се чувствувам и дали ме собира во облеката.

Потоа добив позитивен тест за бременост

На 7 недели го имав првиот преглед. Пополнив извештај, ја поздравив бабицата и се качив на вагата. Се згрчив кога видов дека сум се здебелила неколку килограми. Во првото тримесечје имав мачнини речиси по цел ден. Ми помагаше да имам ужина до мене. Голтав нешто по цел ден само за да се чувствувам доволно добро и да можам да ги извршувам обврските.

И покрај тоа што знам дека во моето тело расте бебе и треба да станувам поголема, тешко е да се погледне бројката откако толку сте се посветиле на здрава исхрана и редовно вежбање.

Почна да ме измачува

Знаењето дека ќе качам килограми почна да ми одѕвонува во главата. Го мразев тоа. Моето тело го правеше токму она што требаше да го прави. Бројката на вагата не би требало да биде толку важна. Барем не толку. Па, ја прашав мојата бабица дали треба да престанам со следење на тежината. Објаснив дека сакам да се фокусирам на исхраната, вежбањето и да уживам во моето тело додека расте заедно со моето бебе, а не на бројките. Таа се согласи дека тоа ќе биде добро за моето ментално здравје.

Сега, немам идеја колку тежам или колку килограми сум качила.

Облеката за трудници ми е точна. Ми се допаѓа мојот стомак и возбудена сум што го чувствувам детето како мрда. Ги препознавам прекрасните дневни промени што му се случуваат на моето тело за да направи простор за моето неверојатно дете. Сите овие работи беа под сенка на бројки претходно.

Сега, не се во сенка

Уживам во бременоста без да мислам дека качувам килограми и без да се опседнувам со тие работи. Се разбира, ако имало некаква загриженост за тежината, ѝ реков на бабицата дека ќе се качам на вага доколку е потребно, но засега тоа не е дел од моите рутински прегледи. Благодарна сум што ги слушна и ги прифати моите барања. Оваа мала промена ми ја направи бременоста одлично искуство. Нема да ја следам тежината ниту по породувањето. Сè додека моето бебе е здраво и среќно, тие бројки не се важни.

Автор: Гречен Босио

Извор



912

X