Жена тврди дека нејзиниот сосед ѝ оставил порака дека нејзиното дете ги вознемирува неговите кучиња и птици на балконот, па на нејзиниот твитер-профил ја сподели неверојатната порака што ја добила токму од него.

Имено, соседот се изнервирал што нејзиното мало дете си играло и се смеело во дворот додека времето било убаво затоа што неговите две кучиња го гледале.

„Почитувана сосетке,

Се преселивте во соседството пред една година и сакав да ви дадам време сами да го решите проблемот, но очигледно сте несовесни за да го направите тоа. Секој ден оваа недела, кога времето беше убаво и прозорците беа отворени, го остававте вашето мало дете слободно да трча во дворот, смеејќи се и бесконечно забавувајќи се. Ова во голема мера ги вознемири моите две кучиња и мојата птица, кои седат во близина на прозорецот и гледаат во вашиот двор.

Можеби би можеле да му кажете на вашето дете да биде потивко или да го ограничите неговото време надвор на 15-20 минути на ден за моите кучиња да бидат надвор без да го гледаат него како трча. Ако ваквото однесување продолжи, ќе повикам полиција“.

Пораката имаше над 26.000 споделувања, а луѓето главно се смееја. Некои препорачаа мајката да му купи тапани на детето. Повеќето ѝ советуваа да го остави соседот да викне полиција затоа што сигурно полицијата ќе се изнасмее.

Извор



912

X