Забележувам и јас. Едното константно сака да биде в раце, другото го сака целото мое внимание. Тројцата сме споени преку колкот, на добри и лоши начини. Јас сум утеха за едното и засолниште за другото дете.

Тешко е. Ме истрошува физички и ментално. Исцрпена сум на крајот од денот. Но, колку што е тешко за мене, знам дека е и за тебе. Знам дека имаш чувство оти децата не те забележуваат понекогаш. Викаат по мене, иако не сум присутна – знам дека тоа боли. Сакаш и ти да бидеш нивната утеха. Но во право си за една работа.

Не те забележуваат – тие те гледаат, за сето она што ти го претставуваш. Знам дека ова е вистина поради многу причини. Кога ќе седнам на каучот, нашиот син секогаш ми го носи најмекото ќебе што може да го најде. Кога се буди наутро, ми кажува колку сум му недостигала минатата ноќ. Кога ќе си земе сок од фрижидерот, мене ми ја носи омилената вода. Кога ќе види дека сум вознемирена, се обидува да ме насмее. Ги знае моите омилени работи, ми упатува комплименти – од мојата нова маица до мојот „неверојатен ум“. Ме смее со намера.

Дали го гледаш тоа? Тоа е сè од тебе, драги. Сето тоа. Ти си неговата муза, неговиот најголем пример. Твојата несебичност, посветеност, твојата љубезност – тоа е заразно и тој ги прифатил сите тие особини од тебе.

Наскоро тој ќе биде твоја сенка. Веќе гледам промена во хоризонтот. Праша дали може ти да бидеш тој што ќе го заспива секоја вечер оваа недела. Твоите интереси се негови интереси. Бејзбол. Градинарство. Камиони. Свесна сум за текот на односите помеѓу родителите и децата. Само се надевам дека ќе можам да се справам со сето тоа на грациозен начин како ти.

Веројатно се прашуваш за својата ќерка – знам дека очекуваше татина ќерка од првиот ден, но помеѓу доењето и останувањето дома со неа, таа моментално е лојален член на тимот МАМА.

Можеби има само малку зборови да каже, но знам дека и таа те гледа. Те гледа како се смееш иако си имал тежок ден на работа. Те гледа како одвојуваш време да играш со неа, иако имаш милион обврски за завршување. Те гледа како ги миеш садовите и ја шиеш дупката на нејзината играчка, иако општеството вели дека тоа не е твоја работа. Те гледа како го вреднуваш нашето семејство, иако би било полесно да нè ставиш на второ место. Непроценливи работи, на пример, дека љубовта е безусловна и дека секогаш, секогаш ќе има безбедно место каде што ќе може да се врати.

А сето тоа е поради тебе, љубов моја.

Автор: Алис Бреснер

Извор



912

X