Иако има работи за кои си замеруваат сами на себе, повеќето мајки и татковци ќе кажат дека даваат сè од себе за да бидат подобри родители. Совршенството нема да го постигнеме бидејќи тоа не постои, но ние правиме најдобро што знаеме, она што мислиме дека е најдобро за нашите деца во тој момент и во тие околности. Некои грешки ги поправаме лесно, а некои упорно ги повторуваме иако би можеле да ги избегнеме ако само ги прашаме децата што им пречи кај нас, што им недостига, што им се допаѓа, што ни замеруваат…

И сосем малите деца, двегодишните и тригодишните, можат за време на прошетка или игра, во отпуштен разговор, да ви одговорат на едноставни прашања. Нивните одговори ќе ви помогнат да сфатите што им смета кај вас, за што ви замеруваат, што сакаат кај вас… Ова може да ви помогне да го поправите однесувањето, доколку тоа има смисла, бидејќи се подразбира дека не можете да престанете да ги бањате, да не им го ограничувате престојот пред телевизор или да не ги носите во градинка бидејќи тоа не им се допаѓа.

Поставете им ги следните прашања и проверете каква оценка ќе добиете…

*Дали сум добар родител?
*Дали повеќе те фалам или критикувам?
*Дали некогаш те карам без причина?
* Што не ти се допаѓа кај мене?
*Што најмногу ти се допаѓа кај мене?
* Дали сум почесто во право или почесто грешам?

* Дали заборавам да ти се извинам кога не сум во право?
* Дали се гушкаме доволно?
* Како реагирам кога ти ќе згрешиш нешто?
* Дали се чувствуваш сакано и како важен дел од семејството?
* Што најмногу ти се допаѓа од сè што правиме заедно?
* Дали има нешто за што не сакаш да ти зборувам?
* Дали има нешто што сакаш да ти го кажувам почесто?
* На кој начин сакаш да ти покажувам љубов?

На некои од овие прашања детето нема да умее да ви одговори, одберете вие сами прашања кои мислите дека се соодветни за неговата возраст. Некои деца нема да сакаат да дадат искрен одговор од страв да не го повредат родителот, но и тоа е некој показател. Всушност, сè што вашето дете ви кажува, можете да го искористите за да го поправите своето однесување и да бидете подобри родители.
А тоа, секако, е вашата цел, зар не!



912

X