Добри вести за сите љубители на домашни миленици. Кучето или мачката што го користи вашиот труднички стомак како перница позитивно влијае врз бебето.

Неодамнешно истражување на Универзитетот во Алберта укажува на позитивното влијание на домашните миленици врз децата, што вклучува помал ризик за развој на алергии или дебелина подоцна во животот. Најголемото откритие на ова истражување е дека тие прават бебињата да имаат добри цревни бактерии.

„Го разгледавме здравјето на бебиња на возраст од три месеци и какви добри бактерии имаат, и откривме врска помеѓу добрите бактерии и домашните миленици“, изјавил авторот на студијата, Анита Козирски, за радиото Си-би-ес. Долго време се сметало дека споделувањето на подот со животни го изложува бебето на добри бактерии, а други истражувања покажале дека живеењето со домашни миленици штити од астма и респираторни заболувања. Но, ова истражување посочува дека придобивката од домашните миленици почнува кога бебето е во утробата.

„Интересно е тоа што коегзистенцијата со домашни миленици во бременоста резултира со овие промени, што сугерира дека има промена во цревната флора на мајката додека е бремена“, објаснила таа понатаму.

Децата имаат помалку алергии подоцна во животот

Студијата ги проучувала добрите цревни бактерии кај повеќе од седумстотини тримесечни бебиња помеѓу 2009 и 2012 година. Жените што имале домашни миленици во текот на бременоста имале повеќе од два вида добри бактерии Ruminococcus и Oscillospira.

„И двете се поврзани со помал ризик од алергии подоцна во животот и помали шанси за дебелина“, вели Козирски. Повеќето мајки што учествувале во ова истражување имале кучиња, а помала група мачки, но докажано е дека тие пренесуваат добри бактерии. Тоа може да биде позитивна врска помеѓу трудниците и мачките бидејќи често се истакнува можната токсоплазмоза, поради што трудниците треба да избегнуваат контакт со измет од мачки.

Поврзаноста на миленичињата и здравите цревни бактерии посочува дека премногу дезинфекција во нашите домови може да направи повеќе штета отколку корист.

„Нашето општество стана претерано загрижено за изложувањето на микроорганизми и ние сме опседнати со хигиената, што резултира со повеќе алергии и астма“, продолжува таа.

Козирски и нејзините колеги ќе ги следат децата во оваа студија до петгодишна возраст за да видат како милениците влијаат врз здравјето на децата. Во меѓувреме, трудниците сè уште можат да уживаат во доброто друштво на нивните миленичиња.

Извор



912

X