Поради брзиот начин на живот, често забораваме дека секое суштество во нашата околина може да ни биде наставник. Токму животните се прекрасни наставници што ни даваат безусловна љубов, прифаќање и верност. Што добиваат децата од грижата за домашното милениче?

Децата што имаат домашно милениче побрзо развиваат емпатија

Грижата за домашните миленици значи голема одговорност. Активностите како што се прошетка на кучето или чистење на кафезот на папагалите, грижата за нивната исхрана и здравјето, ги учат децата на емпатија, сочувство, одговорност и дисциплина.

Домашните миленичиња се како антистрес-терапија

Децата што бараат утеха во миленичињата кога се тажни се помалку вознемирени и поповрзани.

Домашните миленичиња даваат чувство на сигурност

Миленичињата помагаат со осаменоста. Иако тие не можат да се споредат со другите деца, сепак се некој со кој детето може да си игра и кому може да му зборува.

Совладување на срамежливоста

Истражувањата покажуваат дека читањето н глас пред миленичињата помага децата да имаат поголема самодоверба, а се намалува и стравот од јавен настап во училиште. Домашните миленици бараат внимание и со тоа детето нема можност да се повлече и да биде срамежливо.

Но, пред да му ја отворите вратата од вашето срце и вашиот дом на некое животинче, бидете свесни за тоа каква одговорност преземате.



912

X