Биљана Ивановска, психолог

Биљана Ивановска, психолог

Претседател на Здружението за умствен развој на деца „Бреин Гинис“ во Куманово
Тел: 071 711 555

Повеќе од авторот

Најважно од сè е да почнете да одржувате семејни состаноци, еднаш неделно. На нив ќе можете да одредите кој што може да сработи и што можете да очекувате

Речиси во секое семејство се води борба околу извршувањето на основните домашни задачи од страна на децата, кои најчесто прво се согласуваат, а потоа бараат одредена награда за успешно завршена задача. Во спротивно следува казнување. Прашање е дали и кој период од детството е најпогоден за да развијат одговорност?
Што треба да знаат родителите! – Никогаш не е прерано или предоцна. Треба да ги научиме децата да знаат дека се важни, корисни и дека можат да придонесат за своето семејство.

Што може да очекуваме од децата според возраста?

2-3-годишни деца
Да ги собираат играчките и да ги враќаат на место.
Да го соберат она што им паднало во текот на јадењето.
Да помогнат купените намирници да се наместат во ниските полици.
Да ги сложат чорапчињата и крпите.
Да изберат гардероба и самостојно да се облечат (како знаат и умеат).

4-годишни деца
Поставување на масата за ручек.
Составување список за пазарење.
Редовно хранење на домашното милениче.
Сами да си намачкаат путер на леб.
Подготовка на едноставен десерт – на пример да додадат прелив на колачот што го направила мама.

5-годишни деца
Сами да си направат сендвич, а потоа сè да вратат на свое место.
Сами да си турат сок или вода.
Да го наместат креветот.
Да се јават на телефон и сами да го свртат саканиот број.
Да го изнесат ѓубрето.

 

7-8-годишни деца
Да ги залеваат цвеќињата со вода.
Сами да си подготват храна за на училиште (тост, варено јајце и сл.).
Да ги изведуваат домашните миленици на прошетка.
Да го исчистат автомобилот однатре.
Да ја местат својата гардероба во орманот.

9-10-годишни деца
Сменување на постелнината, нечистата облека да ја стават во кошницата за перење.
Самостојно да купуваат намирници, користејќи листа за пазарење.
Сами да одат на закажани состаноци – заболекар, училиште… по можност со велосипед.
Да им помагаат на соседите при извршување на некоја домашна активност.
Комплетно во своја организација да го испланираат својот роденден, односно забавата што следува.

11-12-годишни деца
Да го заспијат помалото братче или сестриче читајќи им.
Да водат сметка за своите обврски.
Да ја косат тревата.
Да ги чистат рерната и ринглата.
Да ги чистат кадата, туш-кабината, лавабото.

Најважно од сè е да почнете да одржувате семејни состаноци, еднаш неделно. На нив ќе можете да одредите кој што може да сработи и што можете да очекувате. На овој начин ќе им помогнете на децата да развијат вештини, а и да се чувствуваат корисно и одговорно.
Ако сметате дека нешто од горенаведеното е премногу за вашите деца, немојте утре да викате дека сте слуги и дека никој не ве слуша…



912

X