Ако користите социјални мрежи и сакате да гледате видеа на „Тик-ток“, големи се шансите дека деновиве сте налетале на некои од видеата каде што се зборува за домашни тестови за бременост.

Најпопуларен во моментов е тестот со шеќер, а еве како се прави и дали е безбеден.

Жената која се сомнева дека е бремена треба да уринира на шеќер и да види дали шеќерните зрна ќе се згрутчат или ќе се растворат. Се мешаат приближно еднакви количества шеќер и урина, а ако шеќерот се згрутчи, тоа наводно е показател дека жената е бремена. Сепак, нема научни докази за поддршка на веродостојноста на овој домашен тест.

Имено, луѓето веруваат дека хормонот „hCG“ го спречува растворањето на шеќерот, па оттука и идејата дека ќе се згрутчи доколку жената е бремена. Сепак, гинекологот д-р Хедер Левин истакнува дека нема докази кои ја поткрепуваат таа теорија.

„Нема научна основа за да се потврди оваа теорија, шеќерот сигурно нема никаква интеракција со hCG. Ако се случи тестот да биде точен, тогаш тоа е само случајност“, вели д-р Сара Џордан, исто така, гинеколог.

Значи, можете да го направите тестот чисто за забава, но секако не е сигурен начин за одредување на бременоста и не треба да му се обрнува многу внимание.

Извор



912

X