Дали некогаш сте го засрамиле вашето дете? Погледнете зошто едно момче сигурно ќе го памети денот кога со својата мајка отишло на кошаркарски натпревар.

Ако никогаш не сте го засрамиле вашето дете, каков родител сте вие?
Многу деца сонуваат да се појават на екранот во текот на некој натпревар или спортски настан. Меѓутоа, едно момче нема по убаво да ја памети таа ситуација бидејќи тоа самото не го предизвикало вниманието со своето однесување, туку неговата мајка, односно нејзините многу интересни движења.

Имено, за време на еден кошаркарски натпревар камерата ја пронашла личноста што била во вистинско расположение за да биде прикажана на екранот – неговата мајка Менди Ремел. Како целиот живот да го чекала тој момент, оваа мајка на првите тактови од песната на Кели Кларксон ја почнала својата претстава (на жалење на нејзиниот син).
Менди, која од главата до стапалата била облечена во облека со животински принт, почнала енергично да ја пее оваа песна, користејќи го својот телефон како микрофон. Се свртела кон синот Блејк, а тој се преплашил од нејзиното однесување.

 

Публиката почнала да навива, а нејзиниот син тонел сè подолу на столот со надеж дека ќе се отвори и ќе го „голтне“.
Не се воодушевиле само фановите од ова, туку и самата Кели Кларксон го споделила видеото на „Твитер“ со коментар: „Ова е мојот тип на мајка“.

Огромен број луѓе на „Твитер“ се воодушевиле од снимката. Многумина се согласиле дека родителска должност и обврска е одвреме-навреме да ги засрамат своите деца.

Дваесет и деветгодишната мајка изјавила дека засрамувањето на детето на забавен начин било добра можност: „Доколку добиете такви насмевки и создадете спомени, тоа е она што навистина се смета за вредно“.

Кога му ја покажала снимката на својот сопруг по натпреварот, тој воопшто не се изненадил, со оглед на нејзиното однесување на свадбата. „Сакам караоке“, изјавила Ремел. „Каде и да се пее и танцува, јас сум таму.“

Навистина нема поента да имате дете доколку одвреме-навреме не го засрамите, како што направила Менди. Веруваме дека Блејк по неколку години, кога ќе ја погледне снимката, ќе ја цени уште повеќе својата мајка заради нејзиното лудо танцување и можноста да ѝ се смее.
Браво, мајко!

 



912

X