Докторката Оливера Остојиќ од Србија во утринската програма на РТС истакнала дека во болницата „Драгиша Мишовиќ“ има 24 деца, а во последно време пристигнуваат повеќе бебиња со симптоми на новиот коронавирус.


– Децата најдобро го поднесуваат Ковид-19, немаме деца со тешки клинички слики. Имаме 24 деца со 15 мајки, тие се позитивни со лесна до средна клиничка слика и добиваат терапија. Возраста е шаренолика, последните недели имаме најмлади деца, од месец до 3 месеци.

Тоа се деца што доаѓаат од средини со позитивни случаи, покажуваат знаци на респираторна инфекција, имаат температура, премалени се, раздразливи и се лекуваат според протоколите за доенчиња, но добри се – вели д-р Остојиќ, раководител на детската клиника „Драгиша Мишовиќ“.

фотоизвор: Youtube screeshoot/Jutarnji program RTS


Кога се во прашање бебињата, како треба да се постават родителите, на што да обрнат внимание особено ако некој во семејството веќе е позитивен?

– Прашањето е дали овие бебиња имаат симптоми или се само носители, можеби имаат и друга респираторна инфекција. На родителите на бебиња би им препорачале да ги однесат на преглед ако има позитивни во домот и ако бебињата имаат симптоми. По прегледот ќе се определи дали е потребно болничко лекување или самоизолација – рекла докторката.

Таа истакнала и дека нема многу случаи кога родителите ги лекуваат децата од коронавирус дома, без консултација со лекар. „Најпрво прегледите и тријажата се прават во центрите за здравје, но родителите секогаш реагираат на знаци на болест, па немаме такви случаи“, рекла докторката.

Извор



912

X