Игротека

Доктор со песна го смирува бебето додека му зема крв

Сите знаеме дека бебињата се плашат од игли, но еден доктор има одличен трик за смирување на бебето за време на овој процес.

Доктор Рајан Коеце од болницата „Раиџмор“ во Инвернес, Шкотска, почнува да му ја пее песната „Unforgettable“ од Нат Кинг Кол на бебето додека му зема крв.

Бебето, кое има Даунов синдром, е воодушевено од лекарот и воопшто не заплака. Мајката Шенон Вемис го постира видеото на „Фејсбук“ и привлече огромно внимание.

– Мојата ќерка обично се вознемирува кога ѝ земаат крв. Процесот го имаме повторено многу пати, но никогаш немала ваква реакција – ниту една солза. Никогаш не сум сретнала ваков доктор, апсолутно неверојатен. Тој успева да стави насмевка на сечие лице. Пример за тоа дека работата е многу повеќе од платата на крајот од месецот. Ни го направи денот – напиша таа под видеото.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top