Научниците денес спроведуваат безброј различни студии, а оваа од Балтимор можеби на некој начин е и комична. Имено, тимот од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ се занимаваше со проучување на неколку илјадници доилки со цел да открие какви несекојдневни мудрости поседуваат тие.

– Собраниот материјал сугерира дека едноставна активност, како што во овој случај е доењето, драматично ја зголемува способноста на жената да одреди што е совршено или погрешно за некое друго лице во која било ситуација – забележуваат научниците во своите резултати од студијата.

Студијата кај доилките во САД констатирала „зголемено ниво на мудрост“, како што го опишуваат научниците, најмногу кај овие теми:
* постнатална грижа;
* прифатливо однесување на мајката во јавност;
* која храна е соодветна за деца на одредена возраст;
* развој на педијатријата;
* друго.

Научниците исто така забележале дека доилките не само што развиле седмо сетило, туку своите размислувања, совети и критики најчесто и многу гласно ги вокализираат. Тие воопшто не се сомневаат за тоа што е прифатливо, а што не е, што е правилно, а што погрешно. Како што се тврди во студијата, тоа исклучително знаење го добиле многу нагло, од моментот кога почнале да дојат.
Интересно е да се додаде и дека студијата открила дека мајките што ги дојат бебињата се многу „поотпорни“ на мислењата и ставовите на другите луѓе во споредба со мајките што не ги дојат своите деца.



912

X