Доењето е најдобар начин да се обезбедат хранливи материи кои му се потребни на детето кога ќе се роди. Мајчиното млеко е неопходно за правилен раст, развој и здравје на бебето, а воедно е добро и за физичкото и психичкото здравје на мајката. Докторите пoрачуваат дека доењето е најздравата и единствена исхрана која треба да ја прима новороденчето до едногодишна возраст покрај додатоците, што понатаму доведува и до здрава адултна популација.
Под мотото „Да се поддржат родитeлите за да се овозможи доењето“ од денеска до 7 август се одбележува Светската недела на доење.

– Педесет до шеесет проценти од мајките дојат во првите шест месеци. Сакаат да дојат 85 до 90 проценти од мајките, но имаат некакви компликации. Токму затоа во примарната здравствена заштита со мајките треба да ги надминуваме тешкотиите со кои тие се соочуваат за време на доењето, вели претседателот на поткомитетот за промоција, заштита и поддршка на доењето, д-р Мими Кимовска Христова.

Мајките што ги доеле децата повеќе од шест месеци имале речиси 4 сантиметри потенка половина во споредба со мајките што по шест месеци или порано престанале со доење. Мајките што подолго доеле имале и потесен обем на колковите.

СЗО и УНИЦЕФ препорачуваат бебињата да се дојат во првиот час по раѓањето. Речиси 60 отсто од бебињата низ светот не се дојат во првиот час по раѓањето, со што се ставени под ризик од болести, па дури и смрт, покажува најновиот извештај.
Моменталните упатства од СЗО и УНИЦЕФ се бебињата да бидат ставени на градата на мајката во првиот час по раѓањето и да бидат на ексклузивно доење до шест месеци.

Доењето го подобрува физичкото здравје. Со самото доење детето внесува здрава храна уште во првиот ден од животот, го подобрува имунитетот и се намалуваат шансите за добивање алергија. Исто така, преку доењето се подобрува и севкупното здравје, а за децата се помали се шансите да заболат од хронични болести, дијабетес и астма.



912

X