Многу од квалитетите што нè прават добри родители, исто така, нè прават одлични лидери, пишува писателот, предавач и деловен експерт Бернард Мар на својот профил на „Линкдин“.

Родителите што се добри водачи за своите деца, секако имаат потенцијал да бидат успешни лидери во деловното работење. Кои се заедничките карактеристики што ги имаат луѓето што се успешни на деловен план, но и успешни родители? Еве 10 мали упатства.

1. Личната моќ е поважна од моќта што ви ја дава функцијата

Дали некогаш сте се чуле како велите: „Затоа што така реков“ или „Затоа што јас те родив, а не ти!“ Да, можеби ќе ви успее на краток рок, но на долг рок харизматичните и инспиративни лидери се многу повлијателни.

2. Инвестирате во идниот успех

Како родител, кога ќе забележите дека вашето дете сè уште не е во можност да оди, не велите: „Ете, тој не е предодреден да оди“. Родителите постојано инвестираат во успехот на своите деца, ги водат, ги учат… големите лидери токму тоа го прават. Тие не прифаќаат дека нивните вработени се статични, дека не можат да се развиваат и да учат – затоа вложуваат време, поддршка и менторство во нивниот развој.

3. Преземате одговорност

Како родител не можете да ја пренесете на друг одговорноста за вашата најважна животна задача – воспитување деца. Нема поголем авторите од вас. Добриот лидер исто така е одговорен за она што се случува под негово водство.

4. Цените искреност и одговорност

Родителите често сметаат дека чесноста е најважна во семејната динамика, а лажењето е непростлив грев. Исто е и со добрите лидери. Вистинскиот лидер нема да го изгуби трпението кога некој од тимот ќе објави лоши вести или ќе признае грешка. Наместо тоа, тој ќе ја цени искреноста и ќе ја награди одговорноста.

5. Извор сте на позитивна енергија

Колку пати сте слушнале од вашата мајка или татко дека сè ќе биде во ред кога нешто лошо се случило во вашиот живот? Големите лидери се извор на позитивна енергија дури и во тешки времиња. Овде не станува збор за слепило кон реалноста, туку потрага по оптимизам во тешки моменти.

6. Ги цените малите нешта

Родителите секогаш ги чуваат цртежите, фигурите од гипс и честитките што им ги даваат децата. Тие се сеќаваат на спонтаните „благодарам“ и прегратките предизвикани од ништо. На ист начин, водачите ги ценат малите гестови. Тие ги забележуваат и наградуваат дополнителните напори што вработените ги прават за лидерот да се чувствува добро и ценето.

7. Имате високи стандарди

Мајките и татковците сакаат нивните наследници да бидат образовани – дури и ако другите деца во паркот не се пример. Вистинските лидери исто така мора да имаат големи очекувања од своите подредени. Фактот дека некој редовно прави долги паузи за ручек или се преправа дека е болен не е нешто што можат да го прифатат – силните лидери се јасни и категорични за овие проблеми.

8. Фалите повеќе отколку што казнувате

Родителите што секогаш укажуваат на грешките на своето дете не се добри родители. Менаџерите кои вака дејствуваат воопшто не се лидери. Наместо да почнува секој разговор со она што не е во ред, вистинскиот лидер прво ги пофалува и ги бара позитивните работи.

9. Давате добар пример

Мајките и татковците честопати ги ставаат децата на прво место, над нивните лични желби и аспирации. Нивната посветеност кон децата му помага на целото семејство да функционира. Големите лидери исто така треба да бидат страсни за она што го прават – тоа е заразно и може да изгради силна работна култура која го инспирира секој член на тимот.

10. Донесувате одлуки

Како што е кажано претходно, родителите се врвниот авторитет. Затоа, ако не се во состојба да донесат тешки одлуки и да направат нешто, страда целото семејство. Истото може да се каже и за лидерите – ако тие се бавни и несигурни во врска со одлуките, целата организација страда.

Извор



912

X