Воспитување

Добриот татко секој ден учи како да биде подобар за своите деца

Како да се биде подобар татко? Семејствата се менуваат, а се менуваат и некои педагошки претпоставки според кои се воделе вашите родители, па и вредностите се различни. А вие едвај пливате во татковството и ја држите главата над вода? Но, не грижете се, на сите им е така и сите некако се снаоѓаат. Клучот е во прифаќање на работите такви какви што се и да се биде подобар татко.

Децата не ви должат благодарност што сте ги донеле на свет

Ја знаете онаа старата „јас те направив…“ – па тоа веќе не функционира. Наместо тоа, прифатете дека вашите одлуки довеле до тоа да имате деца, а не обратно. Бидете свесни за тоа.

Детето е многу повеќе од дете

Тоа ваше дете некогаш ќе биде возрасно лице и ќе мисли со своја глава. Можеби ќе ви купува лекови кога ќе бидете болни или ќе ве негува во староста токму онака како што вие сте го негувале при првата негова температура.

Родителите не се пријатели

И тоа е најголемата вистина што боли. Можеби вие ќе бидете најдобриот татко на светот, но пријателите се семејството кое сами ќе го избереме. Ќе бидете подобар татко кога ќе го прифатите тоа.

Вашето дете не е вие

А тоа значи дека сите ваши амбиции, желби и чувства морате да ги кроите според амбициите, желбите и чувствата на своето дете. Бидете оној татко што не го форсира детето на фудбал или балет ако тоа сака да свири на гитара и да игра кошарка.

Децата имаат право на време за себе

Без разлика дали се работи за 6-годишно дете кое одненадеж сака да си игра само или за она дете кое веќе не сака со тато да вози велосипед. Подобриот татко знае дека детето има право да биде само.

Подобриот татко е фатен во жртвата на родителството и се труди да не го сомеле. Работи секој ден од утро до мрак за на децата да им биде подобро, а истовремено се чувствува лошо бидејќи не поминува доволно време со нив. За викенд ги носи на шетање и на сладолед, зборува со нив за нивните стравови и за тоа што јадат во градинка. Подобриот татко е подобар и доволно добар бидејќи се грижи за тоа каков татко е.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top