Децата треба да имаат доволно сон за да можат да реализираат подобри резултати на училиште.

– Без оглед на возраста, децата имаат повеќе енергија, повеќе се расположени и физички се во подобра состојба кога имаат здрав и конзистентен сон – вели д-р Ајлин Росен, поранешна претседателка на Американската академија за медицина на спиење.

Различни старосни групи на деца имаат различна потреба на количина на сон:

– Децата од 4 до 12 месеци: од 12 до 16 часа (вклучувајќи ги и дремките);
– Децата од 1 до 2 години: од 11 до 14 часа (вклучувајќи ги и дремките);
– Децата од 3 до 5 години: од 10 до 13 часа (вклучувајќи ги и дремките);
– Децата од 6 до 12 години: од 9 до 12 часа;
– Децата од 13 до 18 години: од 8 до 10 часа.

За средношколците е особено важно добро да се наспијат бидејќи поспаните тинејџери имаат многу полоши резултати на училиште од добро одморените, велат од Академијата.

Истражувањата покажуваат дека на тинејџерите што не спијат доволно лесно им се одвлекува вниманието и имаат повеќе проблеми со памтењето на податоците од оние деца што спијат доволно, а недоволното спиење е поврзано и со нарушување на вниманието, како и со проблеми во учењето.



912

X