д-р Драгана Емел Маркоска, педијатар

д-р Драгана Емел Маркоска, педијатар

Поликлиника „Д-р Ложанковски“
тел. 078 262 220
е-пошта: dragana@lozankovski.com.mk

Повеќе од авторот

На 12-месечна возраст детето спие и до 13 часа од кои 11 се во периодот на ноќта

Развојот на детето во период од 12 до 18 месеци од животот е се подинамичен и поразличен од оној кога се уште доенче. Во овој период станува се понезависно од другите, но сепак има задржано дел од своите секојдневни потреби. Тие, најмногу се однесуваат на спиењето.
Иако потребите во поглед на спиењето се менуваат, сепак на 12-месечна возраст детето сè уште спие и до 13 часа од кои 11 часа се во периодот на ноќта. На оваа 12-месечна возраст детето сè уште има потреба од две дремки во текот на денот кои постепено се намалуваат, а на 18 месечна возраст децата треба да имаат една дневна дремка која треба да е од половина час до два часа. Овој преод од две во една дремка е индивидуален и кај секое дете е временски различен. Не треба да се форсира скратувањето на едната дремка туку да се набљудува однесувањето на детето. Самото дете ќе си покаже кога е време да се скрати едната дремка.

Поттикнување на добрите навики за спиење

Како да се поттикнат добрите навики за спиење?
Да се има постојана рутина за спиење. Ако сè уште не е создадена тогаш сега е вистинско време да се воспостави. Откако детето убаво ќе се изигра и ќе го потроши вишокот на енергија треба секоја вечер да се практикува истата рутина: туширање, смирување на детето, облекување пижами, читање приказна пред спиење, мазење, гушкање т.е. се што полека ќе го успие.
Да се има дневна рутина. Добрата дневна рутина овозможува смиреност на детето во текот на ноќта.
Да се избегнува да му се дава неговата омилена играчка пред спиење бидејќи ако не ја чуствува до себе во текот на ноќта може да се вознемири. Таа може да се замени со омиленото ќебенце со кое ќе се гушка во текот на ноќта.

Проблеми при спиењето

Кои проблеми при спиењето може да се јават а оваа возраст?
Станување многу рано. Во овој период на развојот, детето учи многу нови работи како качување по скали, стоење, одење и сл. Со еден збор неговиот ден е полн со многу активности и со тоа се очекува и ноќта да биде многу бурна т.е. често да го сонува денот и да се буди. Во тие случаи треба да се потрудиме детето да продолжи да спие.
Исто така, во овој период децата се будат многу рано па родителите се во искушение да се обидат да ги држат будни што подолго во текот на ноќта. Но, со тоа всушност предизвикуваат поголем хаос во главата на детето и се влошува состојбата. Ако оваа состојба трае многу долго време може да се обидат да спроведат некои мерки со кои ќе се одложи будењето.
Прво, што треба да се провери дали детето е наспано т.е да легне порано вечерта. Можеби е само преморено, па поради тоа е вознемирено.
Потоа треба да се провери дали има нешто што го буди толку рано, како на пример изгрејсонцето, па да се спуштат ролетните. Или да не е гладно, па да му се даде млеко доцна навечер.
Потоа, треба да се следи детето дали му е доволно времетраењето на сонот за нормално функционирање во текот на денот. Ако е така, тогаш да го одложиме заспивањето.
Ако сето ова е неуспешно, тогаш треба да се обидеме да го научиме детето, и покрај тоа што станало рано, да си полежи во креветот.

Одолговлекување на заспивањето

Речиси секое дете ќе се обиде да го одложи заспивањето, ако ништо друго, барем за кратко. Тоа ќе се спречи со следење на рутината за заспивање. Исто така треба да му се објасни дека сега е време за спиење и дека сите спијат. Да се остави во креветче за само да заспие.
Инаку, поретки проблеми со спиењето се: ноќни стравови и често будење во текот на ноќта.



912

X