Двете деца оставени во автомобил во скопската населба Ново Лисиче, кои вчеравечер ги нашла полицијата, се во добра состојба и се отпуштени од Клиниката за детски болести.

Вчеравечер во 21:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на булеварот „Видое Смилевски – Бато“ во паркирано патничко моторно возило со скопски регистарски ознаки имало две деца што биле заклучени.

– Во неделата во 23 часот со возило на брза помош и во придружба на полицијата на Клиниката за детски болести – Скопје донесени се женско дете старо 7 години и машко дете старо 4 години. Во моментот на прием, на преглед оддавале впечаток на запуштени деца (валкани, во нечисти алишта) во свесна состојба, исплашени, лесно дехидрирани, свесни, со уредни витални параметри. Децата се хоспитализирани на одделот пулмологија Б за опсервација, направени се рутински лабораториски анализи со уреден наод и спроведена перорална рехидрација. Во текот на престојот беа во стабилна состојба. Тие се испишуваат во добра здравствена состојба – информираат од Клиниката.



912

X