Кога мажот ќе стане татко, блиските пријатели исчезнуваат без трага (на некое време)

Кога ќе добиете дете, сè се менува преку ноќ. Тоа е време кога ви е потребна поддршка од членовите на семејството, колегите и најважно – од пријателите.

Но, загрижувачки резултати од анкета спроведена во Велика Британија по повод Денот на таткото покажуваат дека во голем број случаи, мажите ги прекинуваат пријателствата со оние што добиле бебиња.

Ова можеби не е неочекувано, особено ако сте прв во друштвото што станал родител.

Она што може да ви помогне е да се насочите кон пријателите што имаат деца наместо да се правите дека сте храбри и дека ги држите работите под контрола. Во првите недели по раѓањето на бебето на сите им е потребна поддршка.

Ова е прекрасно искуство, но умее да биде застрашувачко во одредени моменти, особено додека не се навикнете на фактот дека сега сте тројца.

Полесно ќе се соочите со стресот ако имате со кого да ги поделите грижите. И немојте да им се лутите на пријателите што „исчезнале“ од вашиот живот кога добивте дете. Тоа е природно. Ако сте вистински пријатели, ќе се вратат штом ќе станете оној стариот. Дајте им неколку недели. И уште поважно, дајте си себеси неколку недели.



912

X