Американката Прија Амин, која е извршна директорка на компанијата „Флексибл“, вели дека била уништена откако видела каков цртеж нацртал нејзиниот син.

– Пред неколку дена бев зафатена со проверка на неколку работи од списокот со обврски, кога моето шестгодишно дете влезе во мојата канцеларија и ми подаде лист хартија – пишува таа на „Линкдин“.

– На почеток го видов цртежот и му реков: „Колку убаво си го нацртал ова, прекрасно!“, но кога внимателно го погледнав, прочитав зборови што ми го скршија срцето.

– Мамо, готова си? – на што мајката од сликата вели: – Не.

– Погледнав на часовникот. Беше 18:05. Тогаш погледнав во мојата листа со обврски и ми изгледаше километарски долга. Срцето ми се скрши – иако не сакам да признам, ова е ситуација што се случува речиси секоја вечер – пишува таа. Луѓето веднаш почнаа да ја коментираат објавата и рекоа дека се чувствуваат виновни во ситуации кога од дома работат по цел ден.

– Сочувствувам со тебе и имам слична ситуација, за жал – вели еден интернет-корисник.

– И мојот син постојано ме прашува дали конечно завршив или кога ќе завршам.

И Прија вели дека се чувствува виновна. Но, ако некоја мајка добила ваков цртеж и се чувствувала виновна затоа што не успеала да ги усогласи приватните и професионалните обврски, треба да запомни дека не е сама.

– Единствена утеха ми е дека не сум сама. Работата од дома, заедно со сите други обврски, ни предизвика огромна штета, особено на нашето ментално здравје. И трендовите покажуваат дека работата на далечина ќе остане, дури и по пандемијата. Претпоставувам дека единствената добра работа што можам да ја извлечам од ова искуство е што моите деца сакаат да поминуваат време со мене. Но, тоа не ги олеснува работите, бидејќи моите деца речиси секој ден ме прашуваат дали сум готова, а ова е првпат тоа да се артикулира на ваков шокантен начин – пишува таа.

Извор



912

X