Луѓето ги молат надлежните во училиштата да ги олеснат мерките за миење на рацете бидејќи, како што тврдат, нивните деца доаѓаат дома плачејќи од болка и со црвени раце. Лутите мајки и татковци од едно училиште од Тисајд тврдат дека учениците треба да ги тријат рацете 10 пати на ден заради претпазливост од ковид-19 и дека тоа е премногу.

Миењето на рацете е една од најважните мерки за намалување на ширењето на вирусот и инфекциите, според „Јавно здравје Англија“, па оттаму се препорачува миење со течен сапун, топла вода и бришење со хартиени марамчиња. Британската влада исто така советува училишниот персонал и учениците да ги мијат рацете откако го користат тоалетот, пред јадење и по допирање животни. Сепак, една мајка чија ќерка дошла дома со иритирана кожа вели дека не се работи толку за сапуните и дезинфекциските гелови во училиштето, туку за зачестеноста на миењето на рацете што се бара во самото училиште. Таа дури им рекла на своите деца дека треба да се спротивстават на наредбите од наставниците и да не ги мијат рацете толку често. „Јас се залагам за хигиена и чување на сопственото и здравјето на другите, но едноставно не можам да поднесам моите деца да плачат секоја вечер од болка“, вели таа.

„Од училиштето имаше разбирање. Но, изгледа дека само прифаќаат тоа што ние укажуваме на проблемот, наместо да се обидат да превенираат. Ги насочив моите деца да не ги мијат рацете толку често“, додава таа.

фотоизвор: Gazette Live

Експертите советуваат миење на рацете како еден од најлесните начини за заштита од бактериите и вирусите и препорачуваат рацете да се мијат 20 секунди. Но, некои деца се борат со оваа практика на училиште. Една мајка објавила фотографија од рацете на детето и рекла дека нејзиното дете има исеченици на рацете каде што кожата е испукана.

Друга мајка додала: „Мојата ќерка има чувствителна кожа, па миењето по 10 пати додека е во училиште е едноставно премногу“. Мајките предложиле користење на кремови за заздравување на кожата, а други рекле дека зачестеноста на миењето на рацете е преголема.

фото извор: Gazette Live

На веб-страницата на „Јавно здравје Англија“ се советува миењето на рацете да се прави по користење на тоалет, пред јадење и допирање храна, по дување на носот, по кашлање и кивање. Исто така, се советува да се мијат рацете пред и по третирање исеченица или рана и по допирање животни, вклучително и миленичиња.

„Соодветното миење на рацете ги отстранува нечистотијата, вирусите и бактериите за да не се рашират на другите луѓе и предмети, што може да доведе до ширење на болести, како труење со храна, грип или дијареја. Може да го спречи и заразувањето и собирањето инфекции и ширењето на другите“, пишува на веб-страницата.

Автор: Лора Шарман

Извор



912

X