Анонимна мајка на порталот Babble одлучила да напише протесно писмо до своите пријатели, семејството и другите и да им порача дека има премногу ѓубре и предмети во својата куќа.
„ОК, имам објава. Јас сум при крај со силите. Сериозно. Јас сум средовечна жена со куп мали деца околу себе, со план за пензионирање и покрив над главата, но се борам со нешто што не би требало да биде проблем. Се задушувам во предмети. Тие доаѓаат директно во мојата куќа од сите оние што мислат дека на моите деца им требаат такви работи за да бидат среќни“, пишува на почетокот на писмото оваа мајка.

Имам работи за работите

„Имам работи за училиште, работи од добронамерни семејства, работи од забавите во градинката, работи за наши работи, предмети од работи кои треба да ги поправам, предмети од скршени работи и работи од други мајки кои мислат дека јас ги сакам тие работи. Доста ми е од сè. Дури и не знам што да правам со нив. Може ли да му ги дадам на некој друг, да го проследам ова ѓубре до некој друг? Дали да ги фрлам? Да се надевам дека ќе ги земе некој од Црвениот крст?
Станува збор за тоа што работите кои моите деца ги носат дома всушност се ѓубре.

Постојат играчки што ќе се растргаат за неколку минути, играчки што не им требаат на моите деца, играчки од кои другите родители сакале да се ослободат, облека која не им треба, хартии и рачно изработени предмети и грицкалки и разни други работи поради кои јас целото свое време го поминувам во редење, прередување, организирање и чистење. Не сакам ни да зборувам за роденденските забави. Сакам да подготвам добра роденденска забава, но поради обидите да не ги претворам децата во разгалени дечишта и мојата куќа да се претвори во фабрика за играчки, со години на моите деца не сум им организирала роденденска забава.
Дури и кога инсистирате на забава без подароци, сепак, таа се претвора во забава со подароци, и пред да разберете, децата веќе почнале да ја кинат украсната хартија од следниот подарок, а насекаде летаат парчиња, додека децата до крајот на вечерта веќе заборавиле на подароците.

Сакам чиста и уредна куќа

Во светот на мајките, јас сум мајка што ужива во добро организиран дом. Тоа е како терапија. Уживам во чиста куќа и чувствувам дека сите имаме поубав живот во чисто, организирано опкружување. А потоа доаѓа моментот кога чувствувам дека се борам против целиот свет и против сите луѓе што на моите деца сакаат да им ги дадат тие работи.

Мајките сакаат минимализам за да бидат посреќни

Постои големо движење на мајки кои сакаат да се вратат кон минимализмот во обид да бидат посреќни родители, кои не сакаат животот да го поминат чистејќи по своите деца. И морам да кажам, целосно ги поддржувам, ја поздравувам секоја мајка што прави сè за барем малку да си го олесни својот живот. А се работи за следново: мајките не се тие на кои им треба помош околу минимализмот. Убедена сум, како и за повеќето работи во животот, не сум јас проблемот – јасно е дека други луѓе го саботираат мојот труд куќата да ми биде чиста и организирана. Значи, мајки од целиот свет, ако и вие се чувствувате како да се давите во работи со сомнително потекло, дозволете ми да кажам, јас сум со вас“, напиша на крајот мајката.

 



912

X