Здравје

„Дневно чекорење“ во училишта. Дознајте кои се придобивките за децата

Истражувањата покажуваат дека децата од училишта во кои се практикува „дневно чекорење“ ја имаат подобрено својата физичка кондиција

Основни училишта во Шкотска секојдневно организираат „дневно чекорење“ помеѓу часовите, а децата излегуваат од училниците за да чекорат на училишното игралиште 15 минути. Ова се практикува во 35 држави низ светот, па децата од тие училишта успеваат да поминат до еден километар на ден.
Приказната има своја заднина. Таа почнува пред шест години во основно училиште во Стирлинг, Шкотска, откако самите наставници и ученици презеле иницијатива за практикување на овој ритуал.

Вежби за зајакнување на мускулите

Другите училишта многу брзо тргнале по нивните стапки. Ритуалот сега е најактуелен во основните училишта во Шкотска, а е прифатен и во една четвртина од основните училишта во Англија. Исто така, познат е и во САД и во Австралија.

По долгата соработка со универзитетите „Стилинг“ и „Единбург“, истражувачите ги објавија првите резултати во врска со овој ритуал.
Причината за реализирање на „дневно чекорење“ лежи во глобалната детска физичка неактивност. Светската здравствена организација препорачува децата да практикуваат од умерени до енергични вежби секој ден. Потребно е и да прават вежби со кои ќе ги зајакнат своите мускули. Но, и покрај овие препораки, само 40% од децата практикуваат вежби.

Независно од видот на вежбата што детето ја прави, доколку остатокот од денот го поминува лежејќи или во седечка положба, тоа може лошо да влијае врз неговото здравје. И покрај тоа што се препорачува седење пред телевизија најмногу два часа, само 40% од децата го почитуваат ова правило. Најздравите луѓе практикуваат од умерено до енергично вежбање и одвојуваат многу мал дел од своето време за седење или лежење.
Исто така, бројот на деца што се соочуваат со прекумерна тежина или боледуваат од дијабетес значително е зголемен во последниве години. Недостигот на физичка активност и премногу седење се едни од главните причини за тоа. Децата со прекумерна тежина имаат поголем ризик за заболување од дијабетес, мозочен удар или срцеви заболувања во последните години, па затоа ова директно влијае и врз квалитетот на нивниот живот и врз нивниот животен век.

Наставници и ученици се иницијаторите

Еднакво алармантен е и фактот што физичката кондиција на децата е значително намалена во последниве 80 години.
Владите воведоа различни интервенции, на пр., истражувања за борба против овие закани, како и зголемување на часовите по физичко образование – но безуспешно. Секоја интервенција треба да се состои од нешто што децата континуирано ќе го прават, а позитивно ќе влијае врз нивното здравје. „Дневно чекорење“ е едноставен концепт кој не е дизајниран од научници, туку од наставници и ученици. Фактот дека голем број училишта го прифаќаат овој ритуал, ни покажува дека има позитивно влијание врз децата. Но каков ефект има врз нивното здравје?
Децата учествуваат во овој ритуал тогаш кога нивните наставници ќе одлучат. Нивните активности се состојат од чекорење, трчање, правење кругови околу училишниот терен или игралиштето, облечени во едноставна училишна облека и чевли. Најважно од сè, секое дете си поставува свое темпо на трчање и дозволено му е да зборува со своите наставници или соученици.

Истражувањата покажуваат дека децата што се активни на „дневно чекорење“ ја имаат подобрено својата физичка кондиција. Вежбите што децата ги практикуваат при „дневното чекорење“ имаат повеќе придобивки. Пред сè, тие стануваат порано, имаат зголемена концентрација, подобра вербална меморија и подобро се чувствуваат. Уште една важна придобивка е и консумирањето подобра храна.
Накратко, резултатите од истражувањата сугерираат дека овој концепт е дефинитивно вреден. Потребно е проширување на ова истражување со цел да се разбере дали може да се работи во различни образовни средини, како што се средните училишта, и дали овој пристап еднакво функционира за учениците од различно потекло.
Барем за момент ваквиот концепт може да биде дел од решението на проблемот поврзан со здравјето на децата и нивната благосостојба.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top