ВЕЌЕ ОД 49 ДЕНАРИ… ГЕРМАНСКИ КВАЛИТЕТ НА dm МАРКА ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО, НЕГА И УБАВИНА ПО СУПЕР ЦЕНИ!

Квалитетот не мора да биде скап! Токму тоа го докажува dm дрогерие маркт во Македонија. Германскиот дрогериски синџир, кој веќе шеста година е присутен на нашиот пазар, препознатлив по многубројните сопствени „dm марка“ брендови, кои во својот асортиман бројат повеќе од 3.500 производи, започна кампања на ниски цени со која на своите потрошувачи им нуди производи за чистење, домаќинство, нега и убавина по неверојатно ниски СУПЕР ЦЕНИ, веќе од 49 денари!

Од понеделник, 13.8.2018, во сите дрогерии на dm може да се забележат истакнати производи со германски квалитет по супер цени, почнувајќи од 49 денари на пасти за заби Dontodent и средства за нега на домот Denkmit, па сѐ до производи за нега на коса и на тело од Balea, како шампони, регенератори, дезодоранси, гелови за туширање и сапуни по цени од 69 денари!

Производите што dm ги нуди се достапни на 14 локации во земјава, во сите негови дрогерии во Скопје, Тетово, Велес, Куманово и во Штип. Дел од понудата можете да видите на нивната веб-страница на линкот во продолжение!

 

 

 

(комерцијален текст)



912

X