Болниците можат да бидат страшни места за децата. Особено МРИ-скенерите (за магнетна резонанца) им изгледаат како вистински кошмар.

Овие машини заедно со КТ-скеновите (компјутерска томографија) бараат од децата да лежат мирно на метален кревет од 10 до 30 минути, а притоа машините прават гласни звуци со кои би можеле да се исплашат малите деца.

За индустрискиот дизајнер Даг Диец, сведочењето на траумата на младите пациенти беше нешто што не можел да го заборави. Тој првпат го видел хоророт што го предизвикала машината кога дизајнирал МРИ-скенер за болницата на Универзитетот во Питсбург.

Screenshot/YouTube

– Видов едно младо семејство како оди по ходникот, а девојчето плачеше. Како што доаѓаа накај мене, го слушнав таткото: „Запомни за што зборувавме, мора да бидеш храбра“ – раскажува Диец.

Тој сфатил зошто детето било толку исплашено.

– Самата просторија е темна и ги има тие светкави флуоресцентни светла. Машината што ја дизајнирав во основа изгледаше како тула со дупка во неа – вели тој.

Но, неговово искуство имало позитивна страна бидејќи се инспирирал да создаде серија на МРИ-машини наречени „Adventure Discovery“.

Диец ги редизајнирал собите со МРИ-скенерите за да има „авантуристичко“ опкружување што ќе ги возбудува децата наместо да ги исплаши.

Авантурите вклучуваат ароматерапија, смирувачки декорации, диско-топки што ги носат пациентите во друг имагинативен свет каде што едноставните команди за скенирањето стануваат дел од авантурата. Во една од сериите од децата се бара да легнат во кану.

– Им се кажува на децата да легнат и да не го нишаат бродот затоа што рипчињата ќе почнат да скокаат – вели Диец.

Извор



912

X